Железничка станица „Васил Антевски-Дрен“ — железничка станица во Македонија, која се наоѓа во близина на селото Оморани. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10.

Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, сместена во самото поле, близу регионалниот пат Р2336 (Велес-Богомила). Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје - Битола.

Железничката станица „Васил Антевски - Дрен“ е оддалечена 81 километар од главната железничка станица во Скопје.

Возен ред

Наводи

Надворешни врски

Васил Антевски-Дрен Категорија:Оморани