Марио Лемина (роден на 1 септември 1993, во Либрвил) — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Вулверхемптон и на габонската репрезентација.
Клупска кариера Лорјан Лемина ја започнал својата професионална кариера во екипата на Лорјан. Своето деби за првиот тим го направил го направил на 22 јануари 2013, во шеснаесттина-финалето од Купот на Фрнција против Седан.Mario Lemina : « Un grand moment ! » sur ouest-france.fr Својата прва сезона како професионалец ја завршил со вкупно 14 настапи, 10 во првенството и 4 во купот.
На почетокот на следната сезона, Лемина ги одиграл сите 4 првенствени натпревари на Лорјан за месец август, пред да го напушти клубот во последните часови од трансферниот прозорец. Тренерот на Лорјан Кристијан Горкуф бил згрозен од неговото заминување изјавувајќи:"Клубот не може да зборува за амбиции кога ги продава своите најдобри играчи. Овој трансфер е само бизнис. Сакам луѓето да знаат дека не сум соучесник во оваа одлука. Јас претрпев. Некако, тоа е недостаток на почит кон мојата канцеларија, и моето минато во Лорјан."
Олимпик Марсеј
На 2 септември 2013 година, во последните часови од трансферниот прозорецот, тој потпишал за Марсеј за сума од 4.000.000 €.OM : Lemina, c'est 4 millions sur maxifoot.fr
На 24 септември, го направил своето деби во дресот на Олимпик во натпреварот против Сент Етјен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Димитри Паје.
На 23 ноември 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, во победата со 3-1 над Бордо на асистенција на Паје.
Јувентус На 31 август 2015 година му се приклучил на италијанскиот Јувентус на заем од една година, со право на откуп. Во договорот била вклучена и позајмица на играчите на Јувентус Маурисио Исла и Паоло де Чеље во Марсеј. Дебитирал за бјанконерите во Серија А на 20 септември играјќи 76 минути како стартер во победата со 2-0 на гости против Џенова. На 26-ти истиот месец го реализирал својот прв гол за торинскиот клуб, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Наполи. На 3 ноември, дебитирал со Јувентус во Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Стефано Стураро во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах. Во текот на истиот месец станал жртва на воспаление во коленото која го принудила да остане надвор од фудбалските терени во следните четири месеци.
Лемина се вратил во акција на 2 март 2016 година, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Ернанес во 71-вата минута во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, во кој Јувентус и покрај поразот со 3-0 на гостувањето кај Интер се пласирал во финалето на турнирот по изведување на пенали. На 6 март го постигнал вториот гол за сезоната, во гостинската победа над Аталанта со 2-0 во лигата. На 25 април со Јувентус го освојува своето прво скудето во кариерата; Четири дена подоцна, во знак на позитивната сезона на Лемина и покрај долгата пауза заради повреди, Јувентус го откупил целиот договор на играчот од Габон за 9,5 милиони евра. На 21 мај 2016 година, го освоил Купот на Италија, играјќи го целиот натпревар во финалето и одиграл значајна улога во акцијата по која Алваро Мората го постигнал одлучувачкиот гол со кој бил победен Милан со 1-0 по продолженија.
Саутхемптон На 8 август 2017, Лемина потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон, откако клубот за трансферот на играчот му платил на Јувентус 17 милиони евра (плус 3 милиони во бонуси). Со тоа станал најскапиот трансфер на светците во историјата на клубот. Своето деби го направил на 20 август, во победата со 3-2 над Вест Хем Јунајтед. Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал во победата со 3–2 над Вест Бромвич Албион на 3 февруари 2018.
Репрезентативна кариера Лемина бил повикан во составот на француската репрезентација под 20 години за настап на Светското првенство 2013 кое се одржало во Турција и на кое младите триколори го освоиле златниот медал; тој одиграл 4 натпревар на турнирот од кои 2 како стартер.
Во јануари 2015 година, бил избран во 23-цата играчи што требало да ја претставуваат репрезентацијата на Габон на Африканскиот куп на нации 2015, но тој одбил да настапува, тврдејќи дека сè уште "нема договор" со земјата во која е роден.OM : Mario Lemina refuse la convocation du Gabon, www.rtl.fr, 28 décembre 2014. На 2 јуни, тој најавил дека сака да ги брани боите на земјата на потекло на неговиот татко и одбрал да ја претставува репрезентацијата на Габон на сениорско ниво, иако имал можност да настапува и за Франција. На 28 август истата година. тој бил повикан за првпат во репрезентацијата на Габон за квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Судан и пријателскиот натпревар против Замбија во септември.. Дебитирал на 9 октомври 2015 во пријателски натпревар против Тунис што завршил 3-3 и притоа го постигнал својот прв погодок.
Во јануари 2017 бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2017 на кој неговиот Габон бил домаќин. Дебитирал на турнирот на 14 јануари во натпреварот против Гвинеја-Бисао што завршил 1-1, и со кој бил отворен првенството.Afcon 2017: Guinea-Bissau grab shock draw against Afcon hosts Gabon
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 септември 2015.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Лорјан Л1 10 0 КФ+ЛКФ 4+0 0+0 - - - - - - 14 0 авг.-септ. 2013 Л1 4 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 4 0Вкупно Лорјан 14 0 4+0 0+0 0 0 0 0 18 0 2013-2014 Олимпик Марсеј Л1 14 0 КФ+ЛКФ 1+2 0+0 ЛШ 4 0 - - - 21 0 2014-2015 Л1 23 2 КФ+ЛКФ 1+1 0+0 - - - - - - 25 2 авг. 2015 Л1 4 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛЕ - - - - - 4 0Вкупно Олимпик Марсеј 41 2 6+3 0+0 4 0 0 0 50 2 2015-2016 Јувентус А 10 2 КИ 2 0 ЛШ 1 0 СИ - - 0 0 2016-2017 А 19 1 КИ 2 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 29 1Вкупно Јувентус 29 3 4 0 8 0 1 0 42 3 2017-2018 Саутхемптон ПЛ 18 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 19 1 2018-2019 ПЛ - - ФАКуп+ЛК - - - - - - - - - -Вкупно во кариерата 65 4 8+3 0+0 5 0 0 0 81 4
Титули Јувентус Серија А : 2 2015-2016, 2016-2017 Куп на Италија : 2 2015-2016, 2016-2017
Франција 20 Светско првенство во фудбал за играчи до 20 години : 1 Турција 2013
Наводи
Надворешни врски
Марио Лемина на soccerway Марио Лемина на transfermakt Марио Лемина на whoscored Марио Лемина на espn Марио Лемина на goal.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Габонски фудбалери Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лорјан Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Ница Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1993 година