Ајдар-кади џамија — отоманска џамија во Битола. Таа е типична битолска џамија, со квадратна основа, голема единична купола и порта. Куполата, висока 20 метри, лежи на цилиндар кого од своја страна го држат дванаесеттоаголни столбови. Надворешноста е многу едноставна, единствениот украс се тулите кои ги опшиваат отворите. Оваа џамија е единствена во Македонија со две минариња. Macedonian Cultural Heritage, Ottoman Monuments, Unesco Office Venice.

Местоположба Се наоѓа во стариот „Овчи Пазар“, блиску до стариот амам „Дебој“ и до стариот пазар.

Историја Била изградена во 1561-1563 година од кадијата Ајдар од Битола. Џамијата е градена од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан и е позната како џамија „Принцеза на Балканот“. Мрежно место на Агенцијата за регионален развој на Пелагонија - Џамии Впечатливата џамија била изградена од Ајдар-ефенди при неговото назначување за кадија во Битола. За издршка на храмот Ајдар-ефенди основал вакаф со продавници, анови, и куќи меѓу Чира Пазар и затворот Ченгел каракол. Во 1607 година се додадени и нови вакафи од везирот Ахмед-паша со годишен фонд од 60 000 акчиња и 9 000 акчиња приход. Кога во 1661 година Евлија Челебија ја посетил Битола кажал: „Ајдар-кади џамија е уметнички прекрасна градба за религиозна намена“ Кон комплексот на џамијата е додадена медреса, која е пет пати обновувана. За време на Првата балканска војна во 1912 година, џамијата била напуштена. За време на Првата светска војна минарето било погодено од артилериска граната и било срушено. По 1945 година џамијата била прогласена за споменик на културата. Меѓу 1960 и 1961 година била направена реставрација од архитектот Крум Томовски. Долги години потоа храмот бил запоставен. Внатрешноста била доста оштетена, единствено михработ бил зачуван. Другите елементи биле изгубени пред реставрацијата извршена во 1960-1961 година. Муралите биле ретки и во многу лоша состојба..

Реставрацијата, конзервацијата и реконструкцијата на Ајдар-кади џамијата започнала на 12 мај 2014 година (заедно со Исак џамијата) со поддршка на Турција.. На 4 ноември 2016 година Ајдар-кади џамија е свечено отворенаСвечено отворена Хајдар-кади џамија на семрежното место на Тера телевизија

Архитектура Натпис Над главниот портал има добро зачувана мермерна плоча со размери 108 x 65 cm со натпис во три реда.

Молитвен простор Храмот има голем квадратен молитвен простор 10,95 m на 10,98 m, покриен со 20-метарска купола која лежи на дванесетаголен цилиндар. Пропорцијата од 1:2 ја акцентира височината на куполата. Ѕидовите дебели меѓу 1,38 и 1,48 м се состојат од два реда тули и еден ред делкан камен, кои наизменично се менуваат што е многу слично со ѕидарската техника на Синановата школа. Како сврзен материјал користен е малтер. Сличности можат да се најдат со Синан-пашината џамија во Бешикташ и Кара Ахмед-паша килије во Топкапи во Истанбул од 1550 до 1560 година.

Внатрешноста на Ајдар-кади џамијата е богато осветлена од 12 цилиндрични и странични прозорци - по осум на секој ѕид, освен на ѕидот кон портикот, каде има само четири. Иако внатрешноста е многу оштетена, зачуван е оригиналниот михраб украсен со пет реда сталактити, додека махвилот и минбарот скоро ги нема.

Од сликаната декорација пред реставрацијата 2014-2016, во горните зони има само траги, а во долните зони таа е оштетена или целосно уништена. Околу прозорците, лаковите и тромпите има стилизирана сликана геометриска орнаментика. Како стил, тие припаѓаат на XIX век и се слични со декорацијата што се користи во Анадолија. Михработ и тромпите се извајани, а на портикот, главните капители и минбарот има декорација со низок релјеф.

Галерија

Наводи

Поврзано Стара битолска чаршија

Категорија:Џамии во Битола Категорија:Џамии во Битолското муфтиство Категорија:Отомански џамии во Македонија