Музеј на град Кратово — музеј во градот Кратово. Музејот е основан во 1993 година и денес претставува локална установа чијашто надлежност е да овозможи заштита, чување и промоција на културно-историското наследство на подрачјето на градот Кратово и неговата поширока околина.
Од 2008 година на музејот му е доделена Саат-кулата, како простор со кој треба да управува и да се грижи за него. Саат-кулата е една од шесте кули кои опстанале од средновековниот и турскиот период на градот.
Градба
Музејот на град Кратово е сместен во стара турска куќа, која е заштитена со закон, под која се наоѓа стариот турски затвор.
Поставки
Во музејот постојат три мали поставки, каде се изложени соодветните збирки на наоди, како што се: археолошката, историската и етнолошката поставка, како и одделението за конзервација на наодите.
Галерија
Зградата на музејот
Поврзано Список на музеи во Македонија
Надворешни врски
Категорија:Згради и градби во Кратово Категорија:Музеи во Македонија Категорија:Култура на Кратово Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија