Федерико Фернандес (; роден на 21 февруари 1989 г.) — аргентински професионален фудбалер кој игра како среден бек за Свонзи Сити и за репрезентацијата на Аргентина.

Тој ја започнал својата кариера во клубот Естудиантес де Ла Плата, со кој стигнал до финалето на Копа Судамерикана и ја освоил титулата во Копа Либертадорес, пред да се пресели во Наполи во 2011 година. Во 2014, тој потпишал за Свонзи Сити.

Својот прв настап во дресот на репрезентацијата на Аргентина тој го забележал во 2011 година и оттогаш одиграл преку 30 натпревари, постигнувајќи 3 гола. Тој бил дел од аргентинскиот состав кој стигнал до финалето на Светското првенство 2014.

Клупска кариера Естудиантес Својот прв лигашки настап за Естудиантес де Ла Плата, Ферандес го остварил на 14 септември 2008 за време на Апертура 2008 во поразот од 1–0 против Велес Сарсфилд. Тој одиграл два натпревари за Естудиантес на патот до финалето на Копа Судамерикана 2008.

Првиот гол за Естудиантес, Фернандес го постигнал на гостински терен против Ланус, на 2 мај 2009, по асистенцијата на Хуан Себастијан Верон. Подоцна во сезоната, Естудиантес ја освоил титулата во Копа Либертадорес 2009, а Фернандес ги одиграл двата натпревари против Дефензор Спортинг во четвртфиналето, влегувајќи од клупата за резервни играчи.

Наполи Тој потпишал за Наполи во декември 2010 за сума од околу 2.5 милиони евра. Бидејќи немал европски пасош, тој пристигнал во Италија во јули 2011.

На 2 ноември 2011, Фернандес ги постигнал своите први два гола за Наполи против Баерн Минхен во групната фаза од Лигата на шампионите. Двата гола тој ги постигнал со глава со што го ублажил поразот на својот клуб на 3–2.

Таа сезона тој одиграл само 9 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Наполи и на 31 јануари 2013 бил позајмен на Ла Лига клубот Хетафе до крајот на сезоната, зацврстувајќи ја одбраната на клубот по заминувањето на Давид Абрахам во Хофенхајм.

Ферандес ги одиграл сите 90 минути во финалето на купот на Италија 2013-14, во кое Наполи забележал победа нд 3–1 над Фјорентина.

Свонзи Сити На 20 август 2014, било објавено дека Фернадес потпишал четиригодишен договор со премиерлигашот Свонзи Сити за непозната сума. Шест дена подоцна, во првиот настап за Свонзи Сити, тој ги одиграл сите 90 минути во победата од 1–0 над Ротерам Јунајтед во второто коло на Лига купот. На 13 септември 2014, тој го имал првиот лигашки настап, заменувајќи го Жорди Амат на полувремето во поразот од 4–2 на гостински терен протв Челси.

Фернандес добил директен црвен картон поради прекршок над Филипе Кутињо во продолжението од натпреварот против Ливерпул во четвртото коло од Лига купот на 28 октомври; минути подоцна Дејан Ловрен го постигнал победничкиот гол и го елиминирал Свонзи Сити од натпреварувањето. Сепак, два дена подоцна, Фудбалскиот сојуз на Англија го поништил црвениот картон на поднесената жалба на Свонзи Сити, со што Фернандес избегнал казна од три натпревари. Својот прв гол за лебедите го постигнал на 19 март 2016 во победата со 1-0 над Астон Вила на Либерти.

Репрезентативна кариера Во јануари 2009, Фернандес бил именуван во составот на Аргентина под 20 години за младинското првенство на Јужна Америка во 2009 година.

Фернандес го одиграл својот прв сениорски натпревар за Аргентина против Еквадор во април 2011 година. Тој станал стандарден играч во одбраната на Аргентина за време на успешните квалификациите за Светското првенство 2014 под водство на Алехандро Сабелја.

Во јуни 2014, тој бил именуван во составот на Аргентина за Светското првенство 2014. Својот прв натпревар на Светските првенства, Ферандес го одиграл против Босна и Херцеговина на Маракана; натпревар во кој Аргентина победила со 2-1.

Репрезентативни голови + # Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување 1. 25 мај 2011 Ресистенсија, Аргентина 2–1 4–2 Пријателски натпревар 2. 9 јуни 2012 Ист Радерфорд, САД 3–3 4–3 Пријателски натпревар 3. 3 септември 2014 Диселдорф, Германија 3–0 4–2 Пријателски натпревар

Титули Клупски Естудиантес де Ла Плата Копа Либертадорес: 2009 Аргентинска Примера Дивизион: 2010 Апертура

Наполи Куп на Италија: 2011–12, 2013–14

Репрезентативни Светско првенство: Вицешампион 2014

Наводи

Надворешни врски

ЕСПН статистика

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Естудиантес де ла Плата Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Хетафе Категорија:Фудбалери на АФК Свонзи Сити Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери од Премиер Лига