Норберто Мурара Нето (роден на 19 јули 1989, во Араша) — бразилски фудбалер, голман на .
Клупска кариера Атлетико Паранаенсе Нето е роден во Араша, Минас Жераис и започнал да игра фудбал во екипата на Атлетико Паранаенсе. Дебитирал за првиот тим во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2009, започнувајќи како стартер во натпрварот против Гремио Баруери на 16 август на Арена да Баишада. Првично Нето бил резервена опција на првиот голман Галато, но на 29 ноември бил избран од страна на тренерот на Антонио Лопес да го одигра својот втор натпревар, по пауза од три месеци - дуелот на домашен терен со Ботафого.
Во јули 2010, Галато го напуштил клубот и заминал во шпанската Малага, а со тоа Нето станал прв избор на голот на Атлетико Паранаенсе, иако уште од мај истата година тој бил редовен стартер. За време на Бразилската Серија А 2010 Нето бил постојано на голот на својот тим и ги одиграл сите натпревари во лигата.
Фјорентина На 17 јануари 2011, на 21-годишна возраст, бил купен од страна на Фјорентина,Comunicato stampa violachannel.tv за 3 милиони евра,UFFICIALE: Neto è un giocatore della Fiorentina tuttomercatoweb.com потпишувајќи договор на пет години.Neto: "Qui per crescere e lasciare un segno futuro in viola" violachannel.tv Во својата прва сезона во клубот не бил во преден план и не одиграл ниту еден натпревар.
Во сезоната 2011-2012 бил втор голман на „виола“ зад стартерот Артур Боруч. На 24 ноември 2011, го направил своето деби во победата со 2-1 над Емполи во Купот на Италија.Stagione 2011-12 legaseriea.it На 11 јануари 2012, во својот втор натпревар во дресот на Фјорентина, повторно во Купот на Италија, примил 3 гола од Рома во поразот со 3-0. На 29 април, го направил своето деби во Серија А во натпреварот Аталанта-Фјорентина (2-0)Stagione 2011-12 - 35ª Giornata legaseriea.it.
За време на сезоната 2012-2013 повторно бил втор голман на екипата, овојпат зад Емилијано Вивијано, кој пристигнал на заем од Палермо. На 18 август 2012, го одиграл првиот натпревар за сезоната, сочувувајќи ја мрежата празна во победата над Новара (2-0) во Купот на Италија. Во Купот на Италија, исто така, ги одиграл следните три натпревари: Фјорентина - Јуве Стабија (2-0), Удинезе - Фјорентина (0-1) и Фјорентина - Рома (0-1) со Фјорентина била елиминирана во четврт-финалето. Својот прв натпревар во лигата го одиграл на 16 декември 2012 година, тосканското дерби против Сиена кое завршило со резултат 4-1. Нето играл уште пет натпревари до крајот на сезоната,Fiorentina, Neto titolare spinge Viviano a Bologna Corrieredellosport.it примајќи вкупно 9 гола.
Во сезоната 2013-2014, благодарение на заминувањето на Вивијано, станал прв голман на тимот, пред својте колеги Густаво Мунуа и Кристијано Лупатели. Првиот натпревар од сезоната го одиграл на 22 август, во прелиминарната фаза од Лига Европа против Грасхопер (2-1). Првиот натпревар во лигата пристигнал на 26 август, победата со 2-1 над Катанија. Откако на почетокот од сезоната перформансите на Нето биле многу непредвидливи, правејќи одлични интервенции но и наивни грешки како онаа во реваншот против Грасхопер во Фиренца што го чинела неговиот тим пораз (0-1), подоцна станува еден од темелите на тимот давајќи сигурност на голот и ја потврдува својата позиција како прв голман. Во периодот од 12 декември 2013 до 23 јануари 2014 година, во 4 натпревари од првенството и два во Купот на Италија, ја сочувал својата мрежа нечепната вкупно 676 минути, што претставува рекорд во историјата на клубот.
Во неговата последна сезона во клубот продолжил да игра како прв голман сè до февруари, кога, најмногу заради одбивањето за продолжување на договорот кој му истекувал во јуни истата година, бил преселен на клупата а можност да брани добил вториот голман, Чиприан Татарушану. Сепак, откако романскиот голман се повредил, Нето се вратил меѓу стативите. Сезоната ја завршил со вкупно 38 настапи во сите турнири, на кој примил 46 гола.
Вкупно за четири и пол години во Фјорентина одиграл 101 натпревар и примил 113 голови.
Јувентус На 3 јули 2015 година, како слободен играч, потпишал договор со Јувентус. На 8 август го освоил својот прв трофеј со клубот, Суперкупот на Италија во Шангај против Лацио (2-0), иако не настапил во натпреварот. За „бјанконерите“ дебитирал на 23 септември 2015 година во натпреварот против (завршен со резултат 1-1). Повторно добил шанса да игра на 16 декември 2015 година, во осминафиналето на Купот на Италија против Торино, натпревар кој Јувентус го добил со убедливи 4-0. Во текот на сезоната ја има улогата на голман „за купот“, настапувајќи на сите 5 натпревари во натпреварувањето, кое Јувентус го освоил на 21 мај 2016 година со победата против Милан (1-0) по продолженија. По успехот во ова натпреварување, Бразилецот бил стартер и во првенството во последните два натпревари, против Верона (пораз од 2-1) и Сампдорија (победа од 5-0). На крајот од сезоната го освоил и своето прво скудето, воедно петто последователно за „бјанконерите“.
Во следната сезона, тој повторно бил потврден во улогата на замена за Џанлујџи Буфон, при што своето деби за сезоната го имал на 21 септември во натпреварот добиен со 4-0 на домашен терен против . На 7 декември, пак, го имал своето деби во Лигата на шампионите, започнувајќи како стартер во домашниот натпревар против Динамо Загреб (добиен од „бјанконерите“ со 2-0). На 17 мај 2017 година, ја освоил својата втора последователна титула во Купот на Италија совладувајќи го Лацио со 2-0 во финалето; и во оваа сезона тој настапил како стартер во сите натпревари во натпреварувањето. Четири дена подоцна, го освоил и своето второ последователно скудето (шестто по ред за торинскиот клуб, рекорд во италијанскиот фудбал) на едно коло пред крајот, благодарение на домашната победа против Кротоне.
Валенсија На 7 јули 2017 година, Нето потпишал четиригодишен договор со Валенсија, во трансфер вреден 7 милиони евра, плус дополнителни 2 милиони евра во форма на условни бонуси. Дебитирал за клубот на 18 август, кога започнал како стартер во домашната победа со 1-0 во првенството против Лас Палмас. На 19 септември 2018 година го забележал својот прв настап во Лигата на шампионите со Валенсија, токму на натпреварот против Јувентус, неговиот поранешен клуб.
Додека Нето бил прв избор на голманската позиција во неговите две сезони на Местаља, Хауме Доменек ги одиграл сите натпревари во Купот на Шпанија, вклучувајќи ја и победата од 2-1 над Барселона во финалето.
Барселона
На 27 јуни 2019 година, било објавено дека Нето ќе премине во Барселона за 26 милиони евра, плус 9 милиони евра во бонуси. Тој пристигнал како замена за Марк-Андре тер Штеген, ден откако голманот Јаспер Силесен преминал во спротивна насока. Дебитирал на 10 декември во победата од 2-1 на гостувањето кај Интер, на крајот од групната фаза на Лигата на шампионите, при што тренерот Ернесто Валверде одморил поголем дел од своите клучни играчи. Тој одиграл два првенствени натпревари во текот на сезоната, при што како стартер настапил на 4 јануари 2020 година во барселонското дерби против Еспањол, кое завршило со резултат 2-2 на гостински терен, додека Тер Штеген бил повреден.
Нето настапил на првите шест првенствени натпревари на Барселона и на три од шесте натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2020–2021, додека неговиот германски колега се опоравувал од повреда на коленото; ова го вклучува и домашниот пораз со 3-1 од Реал Мадрид во Ел Класико на 24 октомври. Своето искуство во Барселона го завршил после три сезони и 21 одигран натпревар за „Блауграна“.
Репрезентативна кариера Нето првпат бил повикан во бразилската репрезентацијата од страна на селекторот Мано Менесес во септември 2010.
Во 2012, Нето бил повикан во бразилската олимписка репрезентација за настап на Летните олимписки игри, кој се одржале во Лондон. Тој настапил во нивните први два натпревари од групната фаза, победите над Египет и Белорусија, пред да биде заменет од страна на Габриел во остатокот од турнирот. Бразил го освоил сребрениот медал, откако биле поразени од Мексико во финалето.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 16 август 2015.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009 Атлетико Паранаенсе А1/ПР+А ?+2 ?+ -3 КБ 0 0 - - - - - - 2+ -3+ 2010 А1/ПР+А ?+34 ?+ -36 КБ 6 -5 - - - - - - 40+ -41+Вкупно Атлетико Паранаенсе 36+ -39+ 6 -5 - - - - 42+ -44+ јан.-јун. 2011 Фјорентина А 0 -0 КИ 0 -0 - - - - - - 0 -0 2011-2012 А 2 -2 КИ 2 -4 - - - - - - 4 -6 2012-2013 А 6 -9 КИ 4 -1 - - - - - - 10 -10 2013-2014 А 35 -38 КИ 5 -6 ЛЕ 9 -7 - - - 49 -51 2014-2015 А 29 -35 КИ 2 -4 ЛЕ 7 -7 - - - 38 -46Вкупно Фјорентина 72 -84 13 -15 16 -14 - - 101 -113 2015-2016 Јувентус А 3 -3 КИ 5 -3 ЛШ - - СИ - - 8 -6 2016-2017 А 8 -2 КИ 5 -7 ЛШ 1 -0 СИ - - 14 -9Вкупно Јувентус 11 -5 10 -10 1 -0 - - 22 -15Вкупно во кариерата 151-160 29 -28 23 -21 - - 203-209
Титули Клупски Јувентус Серија А : 2 2015-2016, 2016-2017 Куп на Италија : 2 2015-2016, 2016-2017 Суперкуп на Италија : 1 2015
Валенсија Куп на Шпанија : 1 2018-2019
Барселона Куп на Шпанија : 1 2020-2021
Репрезентативни Летни олимписки игри: Сребрен медал: 2012
Наводи
Надворешни врски
Норберто Мурара Нето на soccerway Норберто Мурара Нето на transfermarkt Норберто Мурара Нето на espn Норберто Мурара Нето на whoscored Норберто Мурара Нето на tuttocalciatori.net
Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Паранаенсе Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Ботафого Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1989 година