Даниеле Ругани (роден на 29 јули 1994 година, во Лука) — италијански фудбалер, играч од одбраната на , на заем од Јувентус, и на италијанската репрезентација.

Технички карактeристики Се смета за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал во својата генерација, игра на позицијата централен дефанзивец и поседува голема физичка сила која му овозможува да постигнува голови кога оди во напад, а особено да ги затвора противниците во фаза на одбрана. Исто така е одличен во одземањето и додавањето на топката, а благодарение на неговиот раст игра одлично со глава, оружје кое често му е од корист кога оди во напад.

Клупска кариера Почетоци Роден во Лука, Ругани ја започнал својата кариера во тосканската екипа Емполи во 2000 година, на возраст од 6. Одгледуван во расадникот на Емполи, тој останал во клубот цели 12 сезони, пред да замине во Јувентус, каде бил регистриран за настап во Примавера тимот (под 20). Тој бил редовен стартер и еден од најдобрите играчи во вториот тим на Јуве за време на сезоната 2012-2013, по што раководството на клубот одлучило да откупи половина од неговиот договор од Тосканците на 31 август 2013.

Емполи Иако во Јувентус биле задоволни од неговите перформанси, Ругани во летото 2013 се вратил во Емполи, на позајмица со цел да собере искуство играјќи за првиот тим. Тој дебитирал за Емполи на деветтнаесет години, во Серија Б во сезоната 2013-2014, и веднаш бил користен како стартер од страна на тренерот Маурицио Сари. На 22 март 2014 го постигнал својот прв погодок во кариерата, стрелајќи со глава по корнер во домашниот натпревар од првенството против Реџина (4-0). Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 42 одиграни натпревари и 2 гола, придонесувајќи многу за промоцијата на тосканците во Серија А.

Следната сезона останал на заем во Емполи. Своето деби во Серија А го направил на 31 август 2014 година, во натпреварот Удинезе-Емполи (2-0) одигран на Стадионот Фриули. Го постигнал својот прв гол во првенството на 20 септември, во ремито 2-2 на гостински терен против Чезена. На 2 февруари 2015, Јувентус ја откупил и втората половина од неговиот договор за 3.500.000 €, оставајќи го играчот на позајмица во Емполи за уште шест месеци. Играчот потпишал договор со Јувентус до 30 јуни 2019. Сезоната 2014-2015 ја завршил со настап во сите 38 натпревари во лигата, исто така, постигнувајќи три гола, без да биде заменет, и без да добие ниту еден жолт или црвен картон.

Јувентус Во текот на летото 2015, според претходните договори, му се приклучил на Јувентус. Своето деби во црно-белиот дрес го направил на 30 септември 2015 година, во последните минути од натпреварот на домашен терен против Севиља во Лигата на шампионите во победата со 2-0, што исто така претставува негов прв настап во европските натпреварувања. Својот прв натпревар како стартер за Јувентус го одиграл на 16 декември, во победата со 4-0 над Торино во осминафиналето на Купот на Италија. Четири дена подоцна го имал првиот настап за бјанконерите во Серија А, влегувајќи како замена на местото на Андреја Барцаљи во победата со 3-2 на гостувањето против Карпи во Модена.

Рен Откако паднал во заден план во Јувентус, на почетокот на октомври 2020 тој заминал на позајмица во францускиот .

Фјорентина На 2 февруари 2026 година, Ругани и се приклучил на екипата на на позајмица, која ќе стане задолжителен откуп доколку клубот избори опстанок во првенството.

Титули Јувентус Серија А (5) : 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020 Куп на Италија (3) : 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2023-2024 Суперкуп на Италија (2) : 2015, 2018

Наводи

Надворешни врски

Даниеле Ругани на soccerway Даниеле Ругани на transfermakt Даниеле Ругани на whoscored Даниеле Ругани на espn Даниеле Ругани на Goal.com

Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1994 година