Пауло Мануел Карвалјо де Соуса (роден на 30 август 1970 година, во Визеу) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Шабаб Ал Ахли.

Играчка кариера Клупска кариера thumb|left|upright=0.8|Соуса (лево) заедно со соиграчот од , Алесандро Дел Пјеро, го слават освојувањето на Лигата на шампионите во 1996. Роден во Визеу, Соуса ја започнал својата фудбалска кариера во својата татковина во екипата на Бенфика (1989-1993), пред да се пресели во градскиот соперник Спортинг Лисабон (1993-1994) во 1993 година. Следната сезона ја напуштил Португалија и потпишал за италијанскиот Јувентус (кој го купил за 10 милијарди лири) 1994-1996; во прва година во Италија имал клучна улога за освојувањето на скудетото кое му недостасувало на клубот од Торино во претходните девет години, додека во втората понудил перформанси под очекувањата, најмногу заради повредите кои произлегуваат од младоста кој биле третирани неточно во Португалија и станале хронични,Stefano Agresti, Sousa si ribella: " Juve ingrata " in Corriere della Sera, 30 јануари 1996, p. 35., но и поради фактот што противничките екипи почнале да го обележуваат како човекот кој е најслабата алка во тимот Stefano Agresti, Lippi: " Non ci sono più intoccabili " in Corriere della Sera, 2 јануари 1996, p. 31., но сепак тој пронашол начин да биде водач во освојувањето на Лигата на шампионите.

Подоцна тој го носел дресот на германскиот клуб Борусија Дортмунд (1996-1998) со кој во 1997 година го освоил својот втор трофеј во Лигата на шампионите, поразувајќи го својот поранешен тим Јувентус - со што станал еден од само тројцата играчи (заедно со Марсел Десаи и Самуел Ето) кој станал европски шампион во две години по ред, со два различни клуба. - и Интерконтиненталниот куп. Во јануари 1998 година се вратил во Италија откако потпишал договор со Интер за 13,2 милијарди лири (1998-2000), но од тој момент тој никогаш не успеал да ги достигне своите перформанси од минатото. До крајот на својата играчка кариера без некој голем успех го носел дресот на Парма (2000), Панатинаикос (2000-2001) и Еспањол (2002). Кариерата ја завршил во 2002 поради проблеми со повреди, на возраст од 31 година.

Репрезентативна кариера Соуса бил член на талентираната португалска репрезентација кој победила на Светското првенство за играчи под 20 години во 1989.

За сениорската репрезентација одиграл 51 натпревари без погодок, а своето деби го имал на 16 јануари 1991 во пријателски натпревар против Шпанија (1-1). Последниот настап го имал во пријателски натпревар против Кина (2-0), во 2002. Својата земја ја претставувал на Европското првенство 1996 и Европското првенство 2000, како и на Светското првенство во 2002, но на тој турнир не одиграл ниту една минута.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера Откако во периодот од 2005 до 2008 бил еден од помошниците на селекторот на португалската репрезентација на 19 ноември 2008, бил ангажиран од страна на англискиот клуб Квинс Парк Ренџерс за менаџер; на 9 април 2009 сопственикот на тимот, Флавио Бријаторе му врачил отказ откако полицајците по дваесет кола биле пласирани на десеттото место, заостанувајќи девет бода зад позициите кој воделе во плејофотQPR axe Sousa after just 26 games, BBC Sport, 9 април 2009. Следната сезона 2009-2010, бил назначен за нов менаџер на клупата на Свонзи Сити, доведувајќи ја велшката екипа до седмото место во Чемпионшип. На 7 јуни 2010 потпишал договор со Лестер Сити, меѓутоа во септември истата година добил отказ по само 12 натпревари.

15 мај 2011 потпишал тригодишен договор со Видеотон шампионот на Унгарија од претходната сезона, со кој не започнал најдобро испаѓајќи уште во вториот круг од квалификациите за Лигата на шампионите од австрискиот Штурм Грац; На 8 јануари 2013 ја најавил својата оставка во клубот од Унгарија поради семејни причини. На 12 јуни 2013 бил назаначен за тренер на Макаби Тел Авив, со кого потпишал договор на две години. На 28 мај 2014, откако го раскинал договорот со израелската екипа, потпишал договор на три години со швајцарскиот првак, Базел; освојувајќи го швајцарското првенство уште во својата прва сезона, шеста титула по ред за црвено-сините. Меѓутоа, и покрај успешната сезона во клубот на 17 јуни 2015 го раскинал договорот со швајцарците пред неговото истекување.

Само четири дена подоцна, на 21 јуни се договорил со управата на Фјорентина, да ја преземе тренерската функција во клубот, наследувајќи го Винченцо Монтела. Соуса потпишал двегодишен договор со опција и за третата сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.Paulo Sousa, per il portoghese un biennale con opzione per il terzo anno fiorentina.it

Статистика Тренерска статистика

ЕкипаЗемјаОдДоУчинокОНПНИДГПГГР% успешностКвинс Парк Ренџерс19 ноември 20089 април 2009Свонзи Сити23 јуни 20094 јули 2010Лестер Сити7 јули 20101 октомври 2010Видеотон1 јуни 20117 јануари 2013Макаби Тел АвивFixtures ; at Maccabi's official website11 јуни 201328 мај 2014Базел18 јуни 201417 јуни 2015Фјорентина21 јуни 2015ДенесВкупно

Титули

Играч Клупски Бенфика Португалско првенство : 1 1990-1991. Куп на Португалија : 1 1992–1993 Суперкуп на Португалија : 1 1989

Јувентус Серија А :1 1994–1995 Куп на Италија : 1 1994–1995 Суперкуп на Италија : 1 1995 Лига на шампиони : 1 1995–1996

Борусија Дортмунд Лига на шампиони : 1 1996–1997 Интерконтинентален куп : 1 1997 ДФЛ Суперкуп : 1 1996

Репрезентација Светско првенство за играчи под 20 години : 1 1989 Европско првенство: Трето место 2000

Тренер Видеотон Лига куп на Унгарија : 1 2011–2012 Суперкуп на Унгарија : 2 2011, 2012

Макаби Тел Авив Израелско првенство : 1 2013–2014

Базел Швајцарско првенство : 1 2014–2015

Наводи

Надворешни врски

Пауло Соуса на soccerway Пауло Соуса на transfermarkt Пауло Соуса на goal.com Пауло Соуса на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Португалски фудбалски тренери Категорија:Родени во 1970 година