Манџово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Манџово се наоѓа на 23 километри југоисточно од Свети Врач и на 4 километри од Мелник. Селото се наоѓа на надморска висина од 391 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8.266 км2.

Историја

Според расказите на старите лица, жителите на Манџово потекнуваат од месноста Суракево. Причината за напуштање на областа е чумата што во тоа време владеела во селото. За да се спасат од чумата, луѓето го запалиле селото и се населиле на различни места - Ѕивгелија (сега Зорница), Манчов Чифлик (подоцна Манџово и сега Виногради) и Дере Мислим. За време на нивната економска активност во областа Суракево, која сега се наоѓа на територијата на селото Харсово, мештаните пронашле гробовиДремсизова-Нелчинова, Ц. Археологически паметници в Благоевградски окръг. С., 1987. Нема податоци за изградба на погребните места, но остатоци од плочи расфрлани низ теренот укажуваат дека тие се гробови направени од плочи. Со нив се поврзани и надгробните плочи со бисти кои се наоѓаат во музејот во Свети Врач.

Османлиско Царство

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓало на Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аканџали се состоело од 75 куќи од кои 36 жители муслимани и 272 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191. Црквата „Свети Димитар“ била изградена кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Манов (Manof) се состоело од 6 семејства и 25 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193..

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1918 година било отворено основно училиштеЦокова Полина и Йордан Симов. Българското образование в Македония 1915–1918 г. – (не)преодоляната криза, Кюстендилски четения 2009. Кризите в историята, София 2011, с. 153..

До 1934 година името на селото е Маџжово (Манџов, Манчов чифлик)Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 59. .

Познати фамилии во селото се: Карадакови, Галинови, Чипови, Ноцкови, Митушеви, Балајанкови, Цирови.

Население +Население на Манџово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 514 654 555 524 351 228 173 124 80 51

+Население по возраст од 2011 година:

Редовни настани Голема Богородица, или последната сабота-недела на месец август. Св. Трифун се празнува од сите лозари во селото на 1 февруари.

Личности Родени Атанас Кацулов (1928 - 2017), бугарски лекар Валентин Ноцков, свештеник Димитар Тонев, директор на Јадрения институт на БАН; Илија Вичов, градоначалник на селото Љубен Божков, народен пејач.

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија