Врања — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Врања се наоѓа на 24 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 230 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.939 км2.

Историја Османлиско Царство

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во склопот на Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врања (Vrania) е село со 80 семејства и 230 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139..

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: .

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 31 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Врања по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 553 622 571 507 409 298 238 196 151 116

+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 148 98,01% Останати 3 1,99% Вкупно 151 +Население по возраст од 2011 година:

Личности Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија