Василиј II Порфирогенит (, 958 г. — 15 декември 1025) — римски цар од Македонската династија кој владеел од 10 јануари 976 г. до 15 декември 1025 г. Тој во негово време бил познат како Василиј Порфирогенит и Василиј Помладиот, да се разликува од неговиот претходник-предок Василиј I Македонецот. Дури после 150 години од неговата смрт, тој за прв пат бил наречен „Бугароубиецот“.

Потекло Според арапските извори се смета дека бил славјанин, односно од мешано ерменско-славјанско потекло. Се смета дека говорел македонски славјански дијалект, а знаел и грчки, па затоа се нарекуваат и Македонци и Романои. Василиј „потекнувал од земјата на Македонците, а по род бил од племето на ерменските Арсакиди“. Порфирогенит мошне умешно ја вметнал македонската традиција во легендата за Василиј I Македонецот и тоа главно врз основа на територијалниот концепт како асоцијација за потеклото од темата Македонија, интегрирајќи ја притоа со ерменската која била заснована на биолошката компонента.

Раните години од неговото долго владење преовладувале со граѓанската војна против моќните генерали од анадолската аристократија. Откако ги потчинил, Василиј ја надгледувал стабилизицијата и проширувањето на источната граница на Римската Империја, како и потчинувањето на Самоиловата држава. Поради ова, 150 години по неговата смрт, тој бил наречен „Бугароубиецот“. До неговата смрт, Империјата се претегала од Јужна Италија до Кавказот и од Дунав до границите на Палестина, најголемото територијално проширување по освојувањата на Арабјаните, четири векови порано.

Василиј II бил најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 година, во Битката кај Беласица, тој ја победил војската на Самоил и ослепил 14-15 илјади заробени војници, кои потекнувале од сите области кои ги владеел цар Самоил, почнувајќи од Далмација — Јадранското Море до Егејското Море.

Ран живот Под заштитништво на Никифор II Фока По прераната смрт на царот-татко Роман II, на 15 март 963 г., власта кратко преминала во рацете на царицата-мајка Теофано, која го презела регентвото на своите малолетни синови Василиј II и Константин VIII. Но ова било само привремено решение. Младата умна царица самата го увидела тоа и стапила во врска со Никифор Фока. Откако војската го прогласила за цар во Кесареја, Никифор на 15 август влегол во Константинопол, го скршил отпорот на евнухот Јосиф Вринга во крвави улични борби, и на 16 август во Света Софија од рацете на патријархот ја примил царската круна. Потоа веќе побелениот војсководец се венчал со младата царица. Со овој брак Никифор Фока се поврзал со Македонската династија и како очув на младите легитимни цареви ја примил на себе улогата на нивни заштитник.Г. Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 342-343.

Ново узурпирање на престолот По атентатот извршен врз царот Никифор Фока, организиран од царицата-мајка Теофано и Јован Цимискиј,Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 350-351. токму Цимискиј успеал да се качи на престолот.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 351. Бившата љубовница Теофано била испратена во изгнанство, од каде што се вратила дури откако нејзините синови стапиле на престолот. Јован Цимискиј стапил во брак со кој во најголема мерка ги задоволил принципите на династичката легитимност: се оженил со Теодора, ќерката на Константин VII, тетка на легитимните цареви Василиј и Константин, која во тоа време веќе не била млада. Како своевремено Никифор Фока, и Јован Цимискиј ја презел улогата на заштитник на младите легитимни цари.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 352.

Конечно преземање на власт Иако царските права на легитимните претставници на Македонската династија, како на времето на Никифор Фока така и во времето на Јован Цимискиј формално останале нечепнати, сепак постепено сè повеќе се заборавало дека престолот всушност им припаѓал на „во пурпур родените“ цареви Василиј II и Константин VIII. Се сметало за природно власта да се наоѓа во рацете на некој војсководец од кругот на римското благородништво. Така и по смртта на Јован Цимискиј во 976 г., како претендент на упразнетата намесничка позиција, се јавил неговиот шура Варда Склир. Се чинело дека Македонската династија, слично како старите Меровинзи, ќе стане жртва на силните мајордоми или, слично на багдадските калифи, ќе игра само декоративна улога во сенката на надмоќните султани. Меѓутоа, благодарение на необичната енергија на младиот цар Василиј II, ваквата судбина ја избегнал.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 357.

Во тоа време синови на Роман II веќе не биле малолетни: Василиј имал осумнаесет, а Константин шеснаесет години. Со помошта на паракимоменот Василиј, нивниот вујко, тие ја презеле власта. Но, фактички со државата управувал само Василиј II, бидејќи Константин, вистинскиот син на Роман II, бил лесноверен младич кој се свртел кон уживање.

Внатрешна политика Први години Василиј II, напротив, се покажал како човек со железна енергија и со извонредни активности: меѓу сите потомци на Василиј II, тој бил единствениот римски владетел и навистина голем државник. Меѓутоа, во почетокот и нему му недостигало доволно искуство за вршење на владетелската положба. Сметан од детството само кукла која на дворските свечености која се појавува покрај моќните узурпатори, тој изгледал беспомошно кога одеднаш се нашол во вителот на бурните настани. Дури тешките искуства кои го снашле по преземањето на власта направиле од него зрел човек и го очеличиле неговиот карактер. Сите државни работи во почетокот ги водел евнухот Василиј. Според тоа и обидот за узурпација на Варда Склир бил насочен повеќе против него отколку против младите легитимни цареви кои никој не ги сфаќал сериозно.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 357-358.

Прва граѓанска војна Варда Склир, претставникот на едно од најугледните магнатски семејства, во времето на својот зет Јован Цимискиј, како доместик на Исток, заземал највисока заповедничка позиција во римската војска. Во летото 976 г. неговите трупи го прогласиле за цар. Бидејќи извојувал повеќе победи над царевите војсководци, Варда Склир постепено ја довел под своја власт цела Мала Азија. Во почетокот на 978 г. по заземањето на Никеја, тој ѝ се приближил на престолнината. Во овој критичен миг паракимоменот Василиј му се обратил на Варда Фока, внукот на царот Никифор Фока, смел војсководец, кој своевремено самиот се обидел да го узурпира престолот на Јован Цимискиј. Како што него тогаш, во служба на Цимискиј, го совладал Варда Склир, така требало сега тој, во служба на новиот цар, да го отстрани Склир. И навистина Варда Фока го победил својот стар соперник, но помалку како слуга на легитимниот цар, а повеќе како претставник на моќното семејство Фока. Не впуштајќи се во борба кај Константинопол, тој тргнал за Кесареја, упориштето на Фока, и со тоа го принудил узурпаторот да се повлече во внатрешноста на Мала Азија. Првите битки ги добил Склир, но во мај 979 г. Фока во Панкалејската рамница, близу до Аморион, најпрвин го победил својот соперник во двобој, а потоа целосно ја победил неговата војска. Склир побегнал на дворот на калифот и со тоа завршила оваа прва граѓанска војна кој траела три месеци и која претставувала само почеток на уште потешки заплети.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 358-359.

Отстранувањето на паракимоменот Василиј Неколку години подоцна дошло до судир меѓу младиот цар Василиј и семоќниот паракимомен. Василиј не бил веќе неискусен младич кому туѓата помош му била нужна или пак добредојдена. Неговата сила и волја за власт сè повеќе се манифестирале и тој почесто станувал против туторството на кое во почетокот му се покорувал. Се чувствувал запоставен и тоа чувство постепено се претворило во омраза против човекот кому требало да му се заблагодари за своето политичко воспитување, а можеби дури и за престолот. Така се случило големиот државник кој умеел да излезе на крај со војниците-цареви Никифор Фока и Јован Цимискиј, да падне како жртва на младешкото властољубие на својот воспитаник. Насетувајќи дека нема да го заобиколи немилоста, паракимоменот Василиј, како што чини, подготвувал заговор против неблагодарниот млад цар во спогодба со Варда Фока и со други војсководци. Но царот го измамил: тој бил уапсен како обичен бунтовник и откако му биле конфискувани огромните имоти, бил испратен во изгнанство каде што наскоро умрел.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 359.

Иако владетелството на Василиј II официјално се сметало од 976 г., неговото самостојно владеење всушност почнало дури по паѓањето на големиот евнух во 985 г. Колку била голема власта на паракимоменот Василиј и колку младиот цар бил длабоко озлобен поради своето запоставување покажува фактот што тој ги прогласил за неважечки законите донесени пред паракимоменовото отстранување, доколку допонително тој нив не ги потврдил. Бидејќи, како што самиот вели во една своја новела, „во времето од почетокот на нашето владеење до отстранувањето на паракимоменот Василиј... многушто се случуваше не по наша волја, тука за се решаваше и одлучуваше неговата волја“.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 359-360.

Востанието на Комитопулите Првиот самостоен потфат на Василиј II бил неговиот поход на Балканот, во 986 г. Смртта на Јован Цимискиј ги ослободила непријателите на Римската Империја од силниот притисок, а граѓанската војна, до која дошло потоа, им пружила можност да стапат во акција. Особено далекусежни последици имало слабеењето на римската централна власт на Балканот. Во Македонија во 976 г. избувнало востание под водство на четворицата „комитопули“ - синови на комес-војводата Никола. Востанието зело големи размери. Претворајќи се во борба за ослободување од римската власт, тоа ги преминало пределите на Македонија и постепено го зафатило најголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Известен за акцијата на Комитопулите, симнатиот бугарски цар Борис со својот брат Роман побегнал од Константинопол, но настрадал при преминот на границата. Роман се спасил, но тој не можел да ја носи круна, бидејќи Римјаните/Ромеите го скопиле. Водството за борба, а потоа и царската круна му припаднале на најмладиот комитопул, на смелиот и енергичен Самоил. Двајцата постари негови браќа Давид и Мојсеј, загинале во борбите, а третиот Арон подоцна бил убиен од Самоил.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 360-361.

Втора граѓанска војна Охрабрени од неуспехот на царот против Самоил, римските благородници-великодостојници одново се дигнале против него. Варда Склир во почетокот на 987 г. се вратил во римската држава и повторно се прогласил за цар. Варда Фока кој поради врските со паракимоменот Василиј бил отстранет од позицијата, одново бил поставен за врховен заповедник во Азија, за уште еднаш да стапи во акција против својот соименик. Наместо тоа и тој се побунил против Василиј II, и на 15 август 987 г. се прогласил за цар. Неговото одметнување било особено опасно, бидејќи било подготвено на состанок на вишите римски офицери и на претставниците на малоазиските магнатски семејства. Зад Варда Фока стоеле воените команданти, озлобени од самоволниот млад цар, и највлијателните малоазиски магнати-велепоседници. Во почетокот, Фока се спогодил со својот бивш соперник: договорено било да го поделат Царството и Фока да го добие европскиот дел од Империјата, а Склир азиските покраини. Меѓутоа, по краткотрајна соработка, Варда Фока, свесен за својата надмоќ, го отстранил Склир, го ставил под стража и станал единствен претендент на царскиот престол. Целата Мала Азија брзо дошла во негова власт и на почетокот на 988 г., тој веќе бил на дофат на Константинопол. Еден дел од неговата војска зазел позиција кај Хрисополе, а вториот кај Абидос. Против римската престолнина се подготвувал едновремено напад од копно и од море.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 363-364.

Помош од кнезот Владимир