Дебрене — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Дебрене се наоѓа на 2 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 535 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 658 км2.

Историја Селото се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со поседувањето на оваа територија од страна на манастиротНешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531..

Османлиско Царство

През XIX век Дебрене било чисто македонско село, кое припаѓало кон Мелничката Каза на Отоманското Царство. Црквата „Света Недела“ била изградена во 1844 година. Во 1860 година било отворено приватно училиште година, а од Голешово бил поканет еден свештеник, да ги поучува децата на побогатите семејства во црквата „Света Недела“. Ова училиште опстојувало две години, по што селото останало без училиште пет години. Потоа во селото предавале Ризо Панев и Тодор Божинов. Во 1873 година, преродбеникот Петар Сарафов отворил ново училиште во селото. Тука тој применил некои педагошки иновации и изградил посебна училишна просторија.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебрен (Débren) е село со 102 семејства и 340 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141...

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 560 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 12 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 841.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Дебрене по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 430 465 362 229 182 115 95 76 52 48

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Родени Георги Коцев (1886 – ?), македонски револуционер, деец на ВМОРО Коста Ризов (1919 – 1946), македонски револуционер, деец на ВМОРО Ризо Панев (1851 – 1920), македонски деец Тодор Божинов (1854 – 1944), македонски деец

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија