Катунци — село во Општина Свети Врач, Благоевградска (Горноџумајска) област, во регионот Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.

Географија и местоположба алт=Панорама|лево|мини|Панорама на селото Селото Катунци се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина во југозападното подножје на Пирин Планина, на надморска височина од 550 метри. Покрај селото тече реката Пиринска Бистрица. Околу селото има исцелителни минерални извори. Оддалечено е 15 километри јужно од Мелник и 28 километри југоистично од Свети Врач. Историја Во околината на селото се откриени археолошки остатоци од различни епохи и цивилизации. Во 1916 година, при изградбата на мост на реката Пиринска Бистрица, во селото се откриени темели на ранохристијанска црква, од V - VI век, чиј под бил покриен со мозаик со геометриски мотиви.Богдан Филов, "Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912-1916", съставител Петър Петров, София, 1993, с. 116, 199. Првите писмени податоци за селото се од 1220 година, кога се споменува под името Катуница. Во таа година, владетелот на Мелник - деспот Алексиј Слав, издава указ, со кој ги задолжува жителите на селото да работат и да плаќаат данок за манастирот „Света Богородица Спилеотиса“ изграден од него. алт=|мини|Црквата „Света Богородица“ Селото се споменува и во 1365 година во опис на манастирот „Света Богородица Спилеотиса“, издаден од деспотот Јован Углеша во врска со постоењето на манастирот.Нешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531. Во XIX век, Катунци е мало село во рамките на Демирхисарската Каза. Во негова близина, во минатото постоело селото Опалник, денес маало на селото.

Во 1891 година, Георги Стрезов пишува за селото: „Катунци, чифлик на десниот брег од Бистрица. Пет часа на север од Демир Хисар. Пазарен ден е секој вторник, каде доаѓаат селани од Пирин и Мелничко. Почвата е плодна. Чисто ромско село со 3 турски и 22 ромски куќи.Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 854. “ Во книгата „Патување по долините на Струма, Места и Брегалница“, Васил К’нчов опишува, дека селото број 50 ромски куќи и во него се одржува голем пазар на коњи. Опалник пак е со 15 бугарски куќи.Васил Кънчов. "Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр.148.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, Катунци е село во Демирхисарската Каза со 180 жители, од кои 120 Роми и 60 Турци, а Опалник е село во Мелничката Каза со 95 жители, сите Македонци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Опалник имало 80 Македонци, егзархисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905. pp. 192-193

Во 1913 година Катунци е запалено и престанува да постои до 1922 година, кога е одново населено од Македонци од Егејска Македонија.Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 144. Подоцна Катунци станува пазар за земјоделски производи, а во центарот постојат повеќе дуќани, од кои некои сопственици не живеат во селото. мини|Плоштадот во селото

Стопанство

Демографија Според пописот од 2011 година, во Кактунци живееле 1.360 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот: националностброј%Бугари1.27388,5Роми40,29Турци/0други/0не се самоопределиле/0не одговориле735,36Вкупно1.360100 На табелата е прикажан бројот на населението во Катунци за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население1635611.4532.1852.2902.2342.0451.7061.360 Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се

запишуваат како Бугари.

Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Катунци имало 1.289 жители. мини|Основното училиште „Христо Ботев“

Општествени установи

Основно училиште „Христо Ботев“

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија