Крстилци — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Крстилци се наоѓа на 11 километри западно од Свети Врач, во планинска област во историскиот и географскиот регион Каршијак. Селото се наоѓа на источните падини на Малешевска планината на надморска височина од 500 - 699 метри. Неговото земјиште лежи во најкрајните делови на планината Огражден, која претставува дел од западната граница помеѓу Бугарија и Македонија. Атарот на селото зафаќа површина од 22 911 км2.

Климата во селото е континентално-планинска со изразено влијание од Средоземното Море. Изворите на вода имаат нередовен режим и се сушат во текот на летните месеци. Во селото и во околината на селото се среќаваат различни видови на дрвја, и тоа: зимски даб, благун, цер, бука итн. Од животните најзастапени се диви свињи, диви зајаци, елени, волци, лисици.

Историја Османлиско Царство

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година каде селото е запишано како село Крстилци,село Кръстилци а жителите Крстилчани.

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. По 1878 селото припаѓало кон Петричката Каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство. Црквата „Св. Константин и Елена“ била изградена во втората поливина на 19 век. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крстилца (Krëstiltsa) е село со 82 семејства и 240 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144-145.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во текот на 20 век, населението достигнало 800 луѓе, по што бројот на население постепено започнал да опаѓа, особено во првите години на 20 век. Во овој период се случил првиот бран на миграција луѓето во плодните територии околу реката Струма, и со тоа се појавило селото Струма. Најголем прилив на мигранти на новата местоположба околу се случил во периодот 1958-1959 годинаКолева, Татяна. Към въпроса за интеграцията на семейните обичаи в новообразуваните селища в Благоевградско, Известия на българското историческо дружество, книга ХХV, София 1967, с. 132.. Во моментов, само 19 лица живеат во селото Крстилци.

Структурата на населбата Крстилци е скоро целосно зачувана, но станбениот фонд е стар и слабо одржуван како резултат на значајната депопулација на селото. Во селото нема централно водоснабдување, нема канализација, нема жични телефонски линии и нема автобуси до и од селото, а дуќанот е отворен во понеделник, среда и петок.

Население +Население на Крстилци по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 573 673 836 605 346 141 77 40 21 16

+Население по возраст од 2011 година:

Културни знаменитости Поради фактот што во минатото овие биле беа до пограничните области на Бугарија, на луѓето им било забрането да ги посетуваат, освен на оние што успевале да добијат посебна дозвола. Денес тие остануваат недопрени од човековата активност. За среќа, денес не постојат пречки за слободно движење во регионот.

Во близина на селото се наоѓа врвот Свети Спас (800 метри), кој според локалните легенди на ѕидовите се обележани стапките на коњот на Крали Марко. На самиот врв има капела и два големи железни крстови.

Личности Родени Митре Ангелов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети<„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 30.

Наводи

Надворешни врски Арнаутски лаки

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија