мини|Окрузи во покраината Бадахос
Бадахос () — покаина во автономната заедница Екстремадура, западна Шпанија. Се граничи со покраините Касерес на север, Толедо, Сиудад Реал на исток, Кордоба на југоисток, Севиља и Уелва на југ, и Португалија на запад.
Со површина од , ова е најголемата покраина во Шпанија. и е поретко населена од другите покраини. Според пописот од 2010 г., населението брои 692.137 жители. Главен град е Бадахос.
Историја
Подрачјето на покраината уживало просперитет за време на Римското Царство кога Мерида била меѓу главните центри во Хиспанија. Со завршувањето на визиготскиот период и навлегувањето на Маврите, династијата Ибн ел-Афатас во Бадахос воспоставила значаен културен и научен центар. Многу од морепловците кои го освојувале Новиот Свет биле од оваа покраина.
Географија и клима Иако има повеќе делови на Бадахос со пониски ридски венци, површината е претежно пуста, со еднолични рамни или благо накосени предели. Најважна река е Гвадијана, која го пресекува северот на покраината во превец исток-запад и има голем број притоки; сепак, реката е полноводна само во некои делови од годината, па затоа често може да се преминува без пловило. Климата е континентална, со мошне топли лета и студени зими и силни западни и северозападни ветришта на рамнините. Растителноста е типично средоземна.
Административна поделба Покраината е поделена на 134 општини. Покрај градот Бадахос, поважни населени места се Алмендралехо, Асуага, Дон Бенито, Херес де лос Кабаљерос, Мерида, Сафра, Монтихо и Виљануева де ла Серена. Има и традиционални окрузи (комарки) кои немаат административна улога: Ла Сиберија и Љанос де Оливенса. Главниот град Бадахос е Најважен стопански и трговски центар во покраината.
Посетителски знаменитости
Најважни стопански гранки во Бадахос се туризмот и земјоделството. Најпосетувани места се градот Бадахос со тврдината, Фрехенал де ла Сиера, Херес де лос Кабаљерос, Љерена, Мерида, Оливенса, Аланхе, Албуркерке и Алмендралехо. Месната кујна е позната по јадења како див зајак, еребица и разни свински производи.
Значајни знаменитости во Мерида се римскиот театар, Националниот музеј на римска уметност и тврдината (алкасаба). Во Бадахос, од значење се градската тврдина и споменикот на Ибн Мерван .
Поврзано Список на општини во Бадахос Екстремадура
Наводи
Надворешни врски
Управа на Бадахос
Категорија:Покраини во Шпанија