Енеко Тур 2015 — велосипедска друмска етапна трка, која се одржала во Холандија и Белгија помеѓу 10 и 16 август 2015 година. Било 11. издание на етапната трка Енеко Тур и претставувала дваесет и прва трка во сезоната на Светската турнеја.
Енеко Тур е необична трка во сезоната на велосипедизмот: главно е насочени кон класичните возачи отколку кон искачувачите. Првите три етапи биле подобни за спринтерите; четвртата етапа била поединечен хронометар, а последните три етапи биле подобни за класичните возачи. Елија Вивијани () ја освоил првата етапа и бил првиот возач што ја облекол водечката маичка. Јеспер Аселман () го презел водството на втората етапа поради временските бонуси, пред да ја изгуби на хронометарот од Јос ван Емден (). Вилко Келдерман (исто од ) го презел водството по петтата етапа, но го изгубил од Тим Веленс () следниот ден. Веленс го одбранил своето водство на завршната етапа и стигнал до победа на Енеко Тур втора година по ред; бил бранител на титулата од 2014 година. Грег ван Авермат () бил втор, додека Келдерман трет.
Бодовниот пласман го освоил Андре Грајпел (), а борбениот пласман му припаднал на Гејс ван Хуке (). го освоил екипниот пласман.
Екипи
Бидејќи Енеко Тур е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат. На три други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 20 екипи. Секоја екипа настапила со осум возачи и се создала главната група од 160 возачи; еден велосипедист, возачот на Даниел Ос, се повлекол пред трката поради пад на тренинг, така што 159 возачи ја започнале трката.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Распоред
Првите три етапи на трката биле рамни друмски етапи, без категоризирани искачувања. Сите овие етапи се очекувало да бидат идеални за спринтерите, иако накрсните ветрови можеле да ги направат етапите потешки. Одлучувачкиот дел на трката се очекувал да биде со поединечниот хронометар на четвртата етапа. Завршните три етапи на трката се очекувало да бидат идеални за возачите на класици: петтата и шестата етапа била ридести етапи налик на оние на Арденските класици, додека завршната етапа користела патишта на калдрмисаните класици. Една промена во правилата во 2015 година била воведувањето на „златниот километар“, низа на три средни спринтови на секоја друмска етапа на околу 20 километри пред целта. Првите тројца возачи на секој од овие средни спринтови добивал бонус секунди во генералниот пласман. Ова било примена на системот од Трката околу Белгија 2015, каде системот на златниот километар одиграл улога во победата на Грег ван Авермат ().
Фаворити пред трката
мини|upright|Тим Веленс (), победникот на Енеко Тур 2014 (фотографија од Тур де Франс 2015)
Повеќето етапни трки во Светската турнеја се освојувани од силни искачувачи. Енеко Тур е необична бидејќи фаворити за победа се возачите на класици — оние кои имаат силни резултати на Арденските класици и на калдрмисаните класици кои се случуваат во раниот дел на велосипедската сезона.
Бранител на титулата бил Тим Веленс (), кој го освоил Енеко Тур 2014 на претпоследната етапа. Повторно бил еден од фаворитите, иако Cycling Weekly предвидувал дека ќе му биде дадена помала слобода за напад како бранител на титулата. Еден друг поранешен победник на трката: Ларс Бом () победил во 2012 година. Бил уште еден силен фаворит во 2015 година, особено што трката вклучувала подолг поединечен хронометар отколку минатите изданија на трката. Други фаворити биле Ники Терпстра (), кој бил трет во 2012 година, Грег ван Авермат (), кој бил во силна форма откако се нашол близу победа на Класика де Сан Себастијан, Филип Жилбер (исто ) и Вилко Келдерман ().
Првите три етапи на трката биле рамни и со особено погодни за спринтерите. Познати спринтер на трката биле Андре Грајпел (), Џакомо Ницоло (), Елија Вивијани (), Андреја Гвардини () и Едвард Тенс ().
Етапи Етапа 1
10 август 2015 – Болсвард до Болсвард, 183,5 км
Резултат од етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п|Црвена маичка 2 + 4" 3 20п + 4" 4 + 5" 5 + 5" 6 + 6" 7 20п|Зелена маичка + 8" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 10"
Етапа 2
11 август 2015 – Бреда до Бреда, 180 км
Резултат од етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п|Зелена маичка 20п 2 20п|Црвена маичка + 5" 3 + 5" 4 + 9" 5 + 9" 6 + 9" 7 + 10" 8 + 10" 9 + 11" 10 + 11"
Етапа 3
12 август 2015 – Беверен до Ардуа, 171,9 км
Резултат од етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 20п и.в. 6 20п|Црвена маичка и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п|Црвена маичка 20п 2 + 1" 3 + 1" 4 20п|Црвена маичка + 5" 5 + 6" 6 + 9" 7 + 9" 8 + 9" 9 + 9" 10 + 9"
Етапа 4
13 август 2015 – Хогерхејде до Хогерхејде, 13,9 км (ITT)
Резултат од етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 5" 3 + 7" 4 + 7" 5 + 11" 6 + 14" 7 + 16" 8 + 20" 9 + 21" 10 + 21"Генерален пласман по етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п 2 20п + 5" 3 + 7" 4 + 7" 5 + 11" 6 + 14" 7 + 16" 8 + 18" 9 + 21" 10 + 21"
Етапа 5
14 август 2015 – Римст до Ситард Гелен, 179,6 км
Резултат од етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 + 9" 4 + 9" 5 + 9" 6 + 11" 7 + 15" 8 + 27" 9 + 27" 10 + 27"Генерален пласман по етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п 2 + 1" 3 + 8" 4 20п + 13" 5 + 19" 6 + 20" 7 + 26" 8 + 29" 9 + 29" 10 + 34"
Етапа 6
15 август 2015 – Херлен до Уфализ, 208,6 км
Резултат од етапа 6 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 49" 3 + 51" 4 + 1' 03" 5 + 1' 07" 6 + 1' 13" 7 + 1' 13" 8 + 1' 13" 9 + 1' 13" 10 + 1' 17"Генерален пласман по етапа 6 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 20п 2 + 1' 03" 3 + 1' 17" 4 + 1' 40" 5 + 1' 48" 6 + 1' 51" 7 + 1' 54" 8 + 2' 05" 9 + 2' 13" 10 + 2' 13"
Етапа 7
16 август 2015 – Синт Питерс Леув до Герардсберген, 193,8 км
Резултат од етапа 7 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 3" 3 + 8" 4 + 38" 5 + 38" 6 + 40" 7 + 40" 8 + 42" 9 + 42" 10 + 42"Краен генерален пласман ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 2 + 59" 3 + 1' 17" 4 + 1' 40" 5 + 1' 48" 6 + 1' 54" 7 + 2' 02" 8 + 2' 11" 9 + 2' 11" 10 + 2' 11"
Поредок
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.
Етапа Победник Генерален пласман20п|Бела маичка Бодовен пласман20п|Црвена маичка Борбен пласман20п|Зелена маичка Екипен пласман 1Елија Вивијани Елија Вивијани Елија Вивијани Нејтан Хас 2Андре Грајпел Јеспер Аселман Андре Грајпел Јеспер Аселман 3 Том Бонен 4 Јос ван Емден Јос ван Емден 5 Жоан Ле Бон Вилко Келдерман 6 Тим Веленс Тим Веленс Гејс ван Хуке 7 Мануел Квинцијато На крај Тим Веленс
Наводи
Надворешни врски
Категорија:БинкБенк Тур Енеко Тур Енеко Тур Енеко Тур