Павлос Мелас (, Димос Павлу Мела) — општина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа три населби во Солун, а административен центар е Ставруполи, создадено во XX век од грчки бегалци од Мала Азија.
Населени места мини|лево|Поранешната општина Лембет на картата на некогашниот округ Солун. Општината Павлос Мелас е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Ставруполи, Лембет и Кара Усеин по законот „Каликратис“.
Наречена е по офицерот Павлос Мелас (1870-1904) — деец грчката вооружена пропаганда во Македонија (т.н. „Борба за Македонија“), познат по неговите потфати за истребување на Македонците и македонштината, кој важи за голем национален херој во Грција.
Општинска единица Лембет Општинската единица Лембет опфаќа само едно населено место — солунската населба Лембет (Ευκαρπία, Евкарпија).
мини|лево|Поранешната општина Кара Усеин на картата на некогашниот округ Солун.
Општинска единица Кара Усеин Општинската единица Кара Усеин опфаќа само едно населено место — солунската населба Кара Усеин (Πολίχνη, Полихини).
Поранешна општина Ставруполи мини|десно|Поранешната општина Ставруполи на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Ставруполи опфаќа само едно населено место — солунската населба Ставруполи (Σταυρούπολη).
Поврзано Даутбал (општина) Корделио-Арманќој Неаполи-Сикјес Солун
Наводи
Категорија:Општини во Егејска Македонија