Горан Михајловски (р. во ) — македонски новинар. Завршил на Студиите по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и во 1989 година започнал да работи како новинар во дневниот весник Вечер.Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 973 Во Вечер ги минал сите новинарски скалила, а задачата главен и одговорен уредник на весникот ја извршувал од 1998 до 2000 година. Потоа со група новинари го основал весникот Вест, чиј прв број излегол на 5 јули 2000 година. Автор е на колумната „Сакам да кажам“, која непрекинато излегува од 12 јануари 1991 година секоја сабота. Колумната е отпечатена во четири книги, и има добиено пет награди, меѓу кои и „Златна бубамара“ за најчитана страница. По 15 години работа како главен уредник во Вест, Михајловски заминал поради одлука на издавачот да не му биде продолжен договорот.

Моментално, Михајловски е уредник на порталот „Сакам да кажам“.

Наводи

Надворешни врски Архива на колумните „Сакам да кажам“

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Битола