Имамзаде Халил-паша, познат и како Османчишки Имамзаде Халил-паша, (починал во ) — отомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1406 до 1413 година.İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 9.
Животопис Имамзаде Халил-паша се родил во Османџик, во северниот дел на Анадолија, како син на Хајдар-паша.
Во 1402 година, средноазискиот владетел Тамерлан со огромни сили навлегол во Анадолија и тешко ја поразил отоманската војска во Битката кај Ангора. Султанот Бајазит I бил заробен и починал во заробеништво следната 1403 година.
По заробувањето и смртта на султанот Бајазит I, неговите сунови Сулејман, Муса, Иса и Мехмед започнале меѓусебна борба за власта.
Имамзаде Халил-паша најпрво ја извршувал функцијата беглербег на Анадолија, а на 18 декември 1406 година, султанот Мехмед I го назначил за Голем везир.
Неговиот син, Коџа Мехмед Низамудин-паша, исто така ја извршувал функцијата Голем везир.
Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство
Наводи
Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 15 век Категорија:Отомански Турци