Херцберг на Харц () — град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во јужните делови на планинскиот масив Харц.
Географија Местоположба
Градот Херцберг на Харц се наоѓа на почетокот на малите реки Зибер и Лонау од планинскиот масив Харц. Херцберг е оддалечен 32 километри североисточно од Гетинген, 90 километри југоисточно од Хановер. Над градот се наоѓа замокот Херцберг.
Соседни општини
Гослар: Слободна област Харц Гетинген: Слободна област Харц Бад Лаутерберг Ајхсфелд: Зоненштајн Гетинген: Дудерштат Ридерсхаузен (Гиболдехаузен) Румшпринге (Гиболдехаузен) Волерсхаузен (Гиболдехаузен) Гетинген Хаторф на Харц (Хаторф на Харц) Елбингероде на Харц (Хаторф на Харц) Херден на Харц (Хаторф на Харц)
Градски единици
Херцберг (8.909 жители) Лонау (299 жители) со Миленберг Пелде (1.990 жители) со Румашпрунг Шарцфелд (1.633 жители) Зибер (474 жители)
Состојба: 1 октомври 2014
Историја
мини|десно|Херцберг во 1753 година со истоимениот замок
Замокот во Херцберг бил првпат споменат во 1154 година. Градот бил дел од државата Брауншвајг-Грубенхаген, а замокот некое време бил користен како резиденција од војводите. Херцберг станал град во 1929 година.
Стопанство
Во минатото, важни индустрии во Херцберг биле леарниците, земјоделската механизација и производството на чизми.
Образование
Херцберг е седиште на Меѓукултурниот центар на Херцберг (Interkultura Centro Herzberg), клуб кој го промовира меѓународниот вештачки јазик есперанто. Во 2006 година, градскиот совет одлучил да го рекламира градот како „град на есперанто“ (die Esperanto-Stadt).Town renames itself the Esperanto Town
Меѓународни односи
Збратимени градови
Гура, од 1993 г.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Центарот за есперанто
Категорија:Гетинген (округ) Категорија:Есперанто