Авона — поранешна македонска балетска група активна кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години на век.
По примерот на популарните белградски Локици, Авона како балетска/танцувачка група во своите настапи придружувала повеќе југословенски и македонски естрадни имиња, а настапувале и на модни ревии како фотомодели и на Скопски фестивал.
Групата имала повеќе членови. Во првата постава биле Фроска, Пепи (Петранка), Жане, Бети и Вељко Павичевиќ. Подоцна се приклучиле Вељка и Еви (Евдокија).
На 31 август 1983 година, на патот Куманово - Свети Николе во голема сообраќајна несреќа загинале три главни члена на групата Авона - Вељко Павичевиќ (26), Петранка (27) и Евдокија (23). Во истата несреќа загинале 9 лица, меѓу кои и популарната пејачка Сашка Петковска, естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА. Автобусот во кој патувале требало да одржи концерт за припадниците на Југословенската народна армија кои се наоѓале на извршување на редовните обврски кај Свети Николе.
Наводи
Надворешни врски Триесет години без нив - Утрински весник, 30 август 2013
Категорија:Балетски групи