мини|130п|десно|Електронска цевка хептода
Хептода — вид на електронска цевка со седум електроди сместени во стаклен или метален балон со вакуум.
Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.
Историја За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.
Начин на работа и опис Хептодата е цевка со уште една дополнителна решетка во однос на хексодата (вкупно пет решетки), која најмногу е користена за мешање на високофреквенциски сигнали во меѓуфреквенцискиот степен на радиоприемникот.
Пример за ваква цевка е ЕСН-81 (комбинација од триода и хептода).
Примена Хептодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.
Симбол Симбол на хептода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.
мини|150п|десно|Симбол на вакуумска хептода
Види и Електронска цевка Електроника Диода Триода Тетрода Пентода Хексода Октода Катодна цевка Транзистор Радио
Литература Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.
Надворешни врски
Технички податоци за сите видови електронски цевки Како работат електронските цевки (англиски) Проекти со електронски цевки. Шеми, упатства. Разни аудио проекти со цевки.
Категорија:Електротехника Категорија:Електроника Категорија:Електрични елементи Категорија:Електронски цевки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми