мини|Зенерова диода за моќност

Зенерова диода или Зенер-диода – силициумова полуспроводничка диода чиј пробоен напон во инверзен режим на работа е значително помал отколку кај вообичаените диоди благодарение на Зенеровиот ефект. Пробојниот напон на диодата при инверзна поларизација често се нарекува „Зенеров напон“. Зенеровите диоди се користат за стабилизација и ограничување на напонот.

Потекло на поимот Оваа диода името го добила по американскиот научник Кларенс Зенер.

Начин на работа мини|300px|Струјно-напонска одлика на Зенерова диода со пробоен напон од 17 волти Кларенс Зенер објаснил како кај полуспроводничките диоди со голема концентрација на нечистотија се зголемува спроводливоста во инверзен режим на работа заради тунелирање на електроните од валентната во спроводната област. За диодите со поголем пробоен напон доминира ефектот на лавина, појава при која електричното поле толку ги забрзува електроните така што со удар во атомите од валентната област избиваат нови електрони во спроводната област, но вообичаено и овие диоди да се нарекуваат Зенерови, додека називот „пробојна диода“ се користи само за повисоки напони.

мини|300px|Зависност на температурниот коефициент од Зенеровиот напон При Зенеровиот ефект температурниот коефициент е негативен, а кај лавинскиот ефект е позитивен, па вкупниот температурен коефициент е најмал за диодите со Зенеров напон од околу 5 волти, бидејќи тогаш двата ефекта се уедначени.

Симбол Симболот на Зенеровата диода е даден на сликата. лево|мини|Симбол на Зенеровата диода

Поврзано Полуспроводник Диода

Наводи

Категорија:Електроника Категорија:Полуспроводнички елементи Категорија:Диоди