Дудерштат () — град во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен во округот Гетинген.

Средновековниот изглед на градот го сочинуваат 600 куќи најчесто во фахверк, обете големи градски цркви „Св. Киријак“ и „Св. Серватиј“ со нивните моќни камбанарии, старата градска порта „Вестертурм“, обновениот градски бедем, како и Градското собрание, кое е едно од најстарите во Германија.

Градот е средиште и порано главен град на северниот дел на областа Долен Ајхсфелд („Untereichsfeld“). Во минатото бил имот на римокатоличкиот архиепископ од Мајнц.

Географија

Дудерштат се наоѓа во областа Долен Ајхсфелд во близина на покраинската граница со Тирингија. Поради неговата плодна почна, околината во текот на средниот век била позната и како „Голдене Марк“ („златна точка“). На околу десет километри југоисточно се наоѓа тириншката област Омгебирге, а на околу 20 километри североисточно е планинскиот масив Харц. Низ градот течат реките Хале и Бреме.

Градски единици

Дудерштат се состои од 15 градски единици, во кои покрај самото градско јадро, влегуваат и 14 други припоени места. Од околу 21.500 жители, околу 9.000 живеат во самото градско јадро и над 12.000 во другите места.

Градските единици и нивниот број на жители од 1 април 2011 година:Страница на Дудерштат , 21 јуни 2011 г.

Брајтенберг: 953 Имингероде: 492 Лангенхаген: 550 Верксхаузен: 395 Мингероде: 1411 Вестероде: 719 Неселреден: 2100 Тифтлингероде: 943 Брохтхаузен: 548 Хилкероде: 1025 Дезингероде: 533 Герблингероде: 1724 Дудерштат: 9261 Фурбах: 910 Ешплингероде: 135

Историја

мини|лево|Старата градска порта „Вестертурм“ (Westerturm) со својата извиткана кула е знаменитост на градот мини|лево|Главната улица Марктштрасе (Marktstraße)

Првото спомнување во документ на Дудерштат е од 929 година.

Архитектура

Градот содржи многу историски градби изградени во фахверк.

Изградена во 1343 година, Вестертурм е една од најмалку осум градски порти кои се наоѓале на градскиот бедем, која била запалена во 1424 година и повторно изградена во следните 12 години. Вестертурм има препознатлив извиткан покрив. Иако не е единствена кула во Германија со извиткан покрив, неговата изградба била особена успешна. Постојат бројни народни преданија кои го објаснуваат виткањето: една тврди дека неподмачкан ветропокажувач го предизвикало виткањето на покривот. Друга тврди дека кога ѓавото ги носел луѓето од Дудерштат да пијат, жените го однеле, но претходно ја фатил кулата и ја извиткал, при што избегал.

Изградбата на Градското собрание започнало во 1302 година, а дополнителни крила и делови биле додавани до 1674 година. Било целосно обновено во 1980-тите години и повторно во 2002 година.

Култура

Татковинскиот музеј во Дудерштат има збирка на локални значајни артефакти, кој ја раскажуваат историјата на областа и на градот.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Дудерштат е збратимен со следниве градови:

Таубербишофсхајм, Германија (од 1961 г.) Комб ла Вил, Франција (од 1968 г.) Картузи, Полска (од 1995 г.)

Познати луѓе

Георг фон Коп (1837–1914) — кардинар на Римокатоличката црква

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гетинген (округ) Категорија:Ханза Категорија:Хановер (покраина)