Топљани или Топлјани (, Георгијани; до 1926 година Τόπλιανη, ТопљаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τόπλιανη -- ΓεωργιανοίΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τόπλιανη -- Γεωργιανοί) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено девет километри јужно од градот Бер, крај главниот пат што води од Бер за Кожани, на надморска височина од 440 метри. Сместено е на источните падини на планината Дурла, на левиот брег на реката Бистрица.
Вкупната површина на селскиот атар изнесува 25 квадратни километри.
Историја
Изгледа дека се работи за стара населба која била разурната во времето на Негушкото востание во 1822 година, поради што и не се спомнува во постарите статистики. Подоцна, во селото биле сместени 82 бегалски семејства со вкупно 288 жители. Во 1920 година, селото повторно се смета за населба.
Стопанство
Населението произведува овошје (праски и круши), пченица и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство, за што постојат поволни услови.
Население
Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.
По повторното населување на селото, овој пат со грчки бегалски семејства, селото имало 82 семејства со вкупно 288 жители. Во 1920 година селото е регистрирано како населба со 123, а во 1928 година со 326 жители, сите бегалци. Во 1940 година, Топљани имало 398, во 1951 година 327, во 1961 година 267, во 1971 година 224, во 1981 година 270, а во 1991 година 365 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 288 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 449 жители.
Знаменитости Црква „Св. Атанасиј“, прогласена за споменик на културата
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Топљани, во кој покрај селото Топљани се наоѓа и селото Извор.
Наводи
Категорија:Бер (општина)