Саришабан или Сари Шабан (, Хрисуполи; до 1925 г. Σαρή Σαμπάν, Сари СабанΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρή Σαμπάν -- Χρυσούπολις) — град во Кавалско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Наелението брои 8.824 жители (2021).

Географија и местоположба Градот е сместен во Саришабанското Поле средишинот дел на долното течение на реката Места, во прилично плодно подрачје на надморска височина од 20 м. Оддалечен е 25 км источно од градот Кавала и 14 км северно од приморското гратче Керемидли, каде со редовен траект е поврзан со недалечниот остров Тасос. Недалеку од градот се наоѓа меѓународниот аеродром на Кавала „Александар Велики“.

Историја Османлиско време Познато е дека на ова подрачје се наоѓало населеното место Сапеј, кое Османлиите го освоиле во 1375–76 г. Населбата на местото на денешниот град никнала во XVII век, под името Ески Саришабан.

Кон крајот на XIX век Саришабан е евидентиран како скромна паланка и центар на Саришабанската Каза. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Во 1900 г. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) го наведува Сари Шабанъ како село со 780 жители, од кои 450 се Турци, 180 Македонци и 150 Власи, сите христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 203. Сите христијански жители биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 180 Македонци и 150 Власи.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 232 - 233. Во селото има многу Македонци абаџии, калајџии и дрводелци.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 52.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. гратчето е припоено кон грчката држава, кога имало 1.455 жители. Како последица од Првата светска војна, населението опаднало, па во 1920 г. се заведени само 692 жители. Со Лозанскиот договор во 1920-тите, турското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци-бегалци. Така, во 1928 г. Саришабан имал вкупно 1.590 жители, од кои 185 (41 семејства) биле дојденци.

Во 1925 г. името на местото е сменето во Хрисуполи, што во превод значи „златен град“.

Население Зголемувањето на бројот на жителите по 1951 г. на доселување на жители од селата, како и поради припојувањето на населбите Секелер и Кенес кон градот.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Саришабан со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Места, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Инџес, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство Градскиот атар опфаќа плодни обработливи површини кои се наводнуваат. Населението претежно се занимава со земјоделство, главно одгледувајќи тутун и пченица, но застапени се и трговијата и малото производство.

Збратимени градови Саришабан е збратимен со следниве градови: Јагодина, Србија Златоград, Бугарија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Места (општина) Категорија:Градови во Егејска Македонија