Свети Кирил и Методиј — македонска православна црква во скопската населба Ченто, Општина Гази Баба. Се наоѓа во централниот дел на населбата. Црквата е новоградба, чии темели биле поставени во 1973 година, а била осветена во 1975 година. На ова место во 1938 година бил поставен крст од исклесан камен. Местото имало големо верско значење и е собиралиште за одбележување и прославување на верскиот празник Ѓурѓовден. Поради тоа често кај мештаните оваа црква е позната како „Св. Ѓорѓи“. Црквата честопати била цел на вандалски напади.
Наводи
Поврзано Ченто; Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ченто; Црква „Св. Лидија Македонска“ - Ченто - црква во изградба. Се наоѓа на старите гробишта до Домот на културата. Камен-темелник поставен на 22 ноември 2014 година;
Ченто Категорија:Ченто (населба)