Ќерамидница — археолошко наоѓалиште во битолското село Лознани. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и се претпоставува дека е населба. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека источно од селото, сега под ниви, мештаните наоѓале керамички садови и големи грамади од камен. Според кажувањата на некои, некој мештанин направил куќа од мноштвото на градежен материјал што бил забележлив таму.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофски проучавања, Београд 1998

Поврзано Мучеинци — црква од непознат период; Лознани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Лознани