Свети Кирил и Методиј — главна селска црква во струмичкото село Борисово, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на почетокот на селото, во близина на Мокриево, сместена веднаш до регионалниот пат 1402.
Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Црквата започнала да се гради во 1978 година, а била завршена во 1980 година од страна на мајсторите Васе Сапунџиев од Борисово, Таче Пандев од Мокриево и Тушо Атанасов од Габрово. Црквата била осветена од г.г. Гаврил, митрополит Повардарски.
Архитектура
Во дворот се наоѓа и крстилница.
Фрескоживопис
Во куполата е претставен Исус Христос Седржител, како старец.
Икони и иконостас
Иконите во црквата се насликани од Дончо Киров од Секирник во 1980 година, а дарител на иконите е Глигор Василев со фамилијата. Иконостасот се состои од три реда на икони, при што во вториот ред има само две икони, на Свети Василиј Велики и Свети Григориј Златоуст, а има празен простор оставен за другите икони.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Борисово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Свети Кирил и Методиј во Македонија