Албрехт VI (, роден во во - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како надвојвода на Австрија (1457-1463), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1424-1463).

Рани години

Албрехт бил син на војводата на војводата Ернест Железниот (1377-1424), војводата од Штаерска и неговата втора сопруга Кимбурга Мазовиска (1394-1429). Неговиот поголем брат Фридрих подоцна станал цар под името Фридрих III (1415-1493).

Управување

Албрехт управувал како војвода од Штаерска. Претходно, неговиот брат долго време не му дозволувал да управува со хабсбуршките територии, и покрај тоа што бил полнолетен уште од 1436 година. Во 1453 година царот Фридрих III го претворил Војводство Австрија преку „Privilegium maius“ во надвојводство. Албрехт VI имал конфликт во 1457 година со својот брат за управувањето на Австрија. Конфликтот настанал кога Ладислав V починал, без да остави свои наследници а самиот цар Фридрих не дозволил на неговиот брат да стане негов наследник. Така, во 1458 година Албрехт се побунил, зазимајќи го западниот дел од Австриското војводство, во денешна Горна Австрија, а како седиште му станал градот Линц. Во 1458 година Албрехт VI успеал да биде прогласен за надвојвода .

Под влијание на неговата сопруга Мехтхилд, на 21 септември 1457 година Албрехт VI го основал универзитетот во Фрајбург (Albert-Ludwigs-Universität Freiburg).

Албрехт починал ненадејно на 2 декември 1463 година во Виена.

Семејство

Албрехт VI се оженил на 10 август 1452 година за Мехтхилд фон Пфалц (1419-1482), вдовица на грофот Лудвиг I од (1412-1450), ќерка на изборниот кнез Лудвиг III. Двајцата немале деца.

Наводи

Надворешни врски

Albrecht VI

| width="30%" align="center" | Preceded by:Ернест Железниот | width="40%" align="center" | Војвода од Штаерска Војвода од Корушка Војвода од Крањска1424–1463со Фридрих III | width="30%" align="center" rowspan="2"| Succeeded by:Фридрих III|- | width="30%" align="center" | Preceded by:Ладислав V| width="40%" align="center" | Надвојвода на Австрија'''1457–1463with Фридрих III

Категорија:Надвојводи на Австрија Категорија:Војводи на Штаерска Категорија:Хабсбурговци