Вукосава Донева - Варколи (Струмица, - , Австралија, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумицаVukosava Doneva IMDb, поетеса, преведувач и професорка.

Животопис Донева е родена на 22 февруари 1935 госина. По завршувањето на Филозофскиот факултет, група Литература и македонски јазик, таа се вработила во радио драмата на Радио Скопје (1953-1957), а од 1957 до 1988 година, работела во Македонскиот народен театар, каде што играла многу главни улоги. Била и ангажирана на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како предавач по сценски говор (1970-1976). Во текот на театарскиот живот, таа остварила значаен број ликови од најразличен жанр, а за улогата на Хеда Габлер е добитник на Наградата „13 Ноември“ во 1976 година. Реализирала седум самостојни проекти, поезија и монодрамата „Велика“, со кои настапувала во Македонија и во повеќе земји.

Донева играла во повеќе македонски филмови: „Мирно лето“( 1961),Македонска крвава свадба“(1967), „Мементо“(1967), „Време без војна“(1969),„Македонски дел од пеколот“(1971) и „Хај-фај“(1987), во којшто ја играла главната женска улога. Таа од 1988 година живее во Австралија. Во овој период таа интензивно пишувала и ги објавувила стихозбирките за возрасни: „Куќи за продавање и молитва“(2000), „Чаша вода за океанот“(2001), „И не како вејка на ветрот “(2003) и „Ткаење черга“(2011) .

Вукосава Донева Варколи, била член на литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и член на Друштвото на писателите на Македонија. Со својата поезија е застапена во антологиските изданија: „Бескрајно место“(1998), „Пламен во срцето“( 1999), „Спомените на милениумот“( 1999), „Коти на копнеж и страст“(2003). Исто така е застапена со поезија во американската антологија „Балади на нашите животи“(2005). За своето огромно творештво, како и за доброволното инволвирање во македонската заедница во Сиднеј и во Австралија, таа ја добила и најголемата Награда за животно дело „Македонско сонце“, што ја доделува Македонскиот Телефонски именик за НЈВ-Австралија.

Починала во Сиднеј на 7 јуни 2016 година.

ФилмографијаДонева Вукосава

1961: Мирно лето (споредна улога) 1967: Македонска крвава свадба (главна улога) 1967: Мементо (споредна улога) 1969: Прозорци (главна улога) 1969: Време без војна (споредна улога) 1969: Антица (споредна улога) 1970: Коктел за четворица (главна улога) 1971: Македонски дел од пеколот (споредна улога) 1974: Средба (главна улога) 1985: Случки од животот (главна улога) 1987: Хај-фај (главна улога) 1989: Македонски народни приказни (споредна улога) 1992: Време, живот (споредна улога) 2000: Погрешно време (споредна улога)

Наводи

Категорија:Глумици од Струмица Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонци од Австралија Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски поетеси