мини|Извештај на 51 дивизија за настани на теренот (28 октомври 1944 г.). Педесет и прва македонска дивизија на НОВЈ формирана е на 19 октомври 1944 година во селото Широк Дол кај Берово.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 184-186 При основањето, во нејзиниот состав влегле Првата, Дваесеттата, Дваесет и првата македонска и Артилериската бригада на 51-та дивизија на Народноослободителната војска на Југославија. Во нејзиниот состав тогаш имало вкупно 2.476 борци и офицери. Подоцна, бројот пораснал на 6.689 борци и офицери.
Команден состав Командниот состав на дивизијата го сочинувале: Кирил Михајловски, командант Никола Радошевиќ, заменик командант до 6 декември 1944 година Раде Гогов - Црноречки, политички комесар Јован Ѓуровиќ, политички комесар Јосиф Мицев, началник на штабот Раде Гогов - Црноречки, политички комесар
Командантот на дивизијата, Кирил Михајловски, бил прогласен за народен херој на Југославија.
Борбени дејства Оваа дивизија учествувала во завршните операции за ослободување на Македонија, во текот на октомври и ноември 1944 година, на релациите: Дојран-Валандово-Струмица-Радовиш и Струмица-Ново Село-бугарска граница, во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус на НОВЈ.
По ослободувањето на Струмица и Радовиш, распоредена е на југословенската граница од Гевгелија до тромеѓата на границата со Бугарија. Преименувана е во декември 1944 година, кога го добила формацискиот број „Педесетта“, на место на укинатата истоимена дивизија.
Наводи
Литература Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г. Македонска енциклопедија (книга втора). „МАНУ“, Скопје, 2009 година
Категорија:Дивизии на НОВЈ