Раѓањето на Македонската нација — книга и научен труд-студија во вид на историско-политиколошки и социолошки есеистички трактат, посветена на проучување и објаснување на процесот на настанокот и создавањето на македонската национална свест и нација. Напишана е од македонскиот историчар и социолог Драган Ташковски во 1967 година.

Содржина Книгата содржи вовед и десет посебни глави посветени на подетално проучување и објаснување на историските процеси на појавата на македонската национална свест, општествено-економските и политичките услови, факторите кои влијаеле за појавата на македонската национална свест како и оние кои влијаеле за создавање на неточни претстави кај некои македонски интелектуалци за својата народност. Понатаму поглавјата го обработуваат националниот романтизам и раѓањето на македонската национална свест со особен осврт на значењето на повикувањето за поврзаност со старомакедонците и Античка Македонија на македонските дејци и народни маси, како и диференцијацијата на внатрешните сили во Македонија на национален план и состојбите во Македонија по создавањето на бугарската Егзархија и Берлинскиот конгрес во однос на афирмација на македонската свест и нација. Мисли и извадоци За значењето на поврзаноста со античките Македонци и прифаќањето на името Македонија во настанувањето и постоењето на македонската нација:

За името Македонци и значењето на поврзаноста со античките Македонци во одбрана на посебноста и самобитноста:

Наводи

Категорија:Книги за Македонија Категорија:Извори за македонскиот идентитет