Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Пресвета Богородица или Света Богородица) — главна манастирска црква на новоизградениот Злестински манастир, сместен во непосредна близина на селото Злести, во чиј двор се наоѓаат остатоци на старохристијанска и средновековна црква Св. Богородица Пречиста, која се верува дека била изградена на темели на старохристијанска црква во времето на светите Климент и Наум.

Историја

Започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Иконостасот бил изработен од Гоце Трајчески, фрескоживописот во внатрешноста го изработила Васе Чуркоска, додека иконите се дело на Љупчо Дескоски.

Црквата била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј на 1 август 2009 година.

Галерија

Поврзано Злестински манастир Црква „Св. Ѓорѓи“ Белчишка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Злести Категорија:Злестински манастир Злести Категорија:Македонската архитектура во 2009 година