мини

Илија Петруш Цветковски (, - , ) — истакнат партизан од НОВ, носител на Споменица на паднатите борци од НОВ.

Животопис

Тој бил роден на 16 февруари 1921 година во Куманово, во сиромашно земјоделско семејство. Основно и средно училиште, тој завршил во Куманово.

Уште во млади години, тој се занимавал со повеќе дејности, работи во Ниш, Белград и други градови каде доаѓа во допир со сознанијата за улогата и борбата на работничката класа.

Народноослободителна борба

Со започнувањето на окупацијата, тој бил присилно мобилизиран од бугарската војска, меѓутоа при првото отсуство ја користи шансата да избега од окупаторската војска и да се приклучи кон народноослободителната војска на Македонија.

Тој станал борец во Третата македонска ударна бригада, од денот на нејзиното основање.

Учествувал во многу борби против непријателските окупаторски фашистички сили, борбите кај Ристовац и Пробиштип, против Вардарскиот четнички корпус кај Сејаце и Ново Село, а бил учесник и во познатата Пролетна офанзива во 1944 година. Илија Петруш Цветковски бил и прв соборец на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош од Куманово.

На 4 јули 1944 година во местото Сурлица, во денешна Србија, тој бил подмолно убиен од страна на домашен предавник кој се наоѓал во истата единица.

Посмртно е одликуван со Споменица на паднатите борци од НОВ, на 29 ноември 1950 година.

Наводи

Спомен зборник 1941-1945 Македонија

Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски партизани