GN-z11 — галаксија во соѕвездието Голема Мечка, најстарата галаксија и најдалечната галаксија во видливата вселена според тековните сознанија. Има спектроскопско црвено поместување од z = 11,1, што одговара на сопствена оддалеченост од околу 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) од Земјата.На прв поглед, растојанието од 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) делува невозможно големо во вселена која е стара стара 13,8 милијарди години, а ништо не може да се движи побрзо од светлината. Сепак, поради ширењето на вселената, растојанието од 13,4 милијарди светлосни години од GN-z11 до Земјата се проширило на 32 милијарди во текот на тие 13,4 милијарди години што ѝ требале на светлината за да дојде до нас.

Називот на галаксијата е изведен од нејзината положба во галактичкото поле GOODS-Север (GOODS-North) и големото црвено поместување на Доплеровата z-скала (GN + z11). Сликата која ја имаме за GN-z11 е таква каква што била пред 13,4 милијарди години, само 400 милиони години по Големата експлозија; поради што постои заблуда дека таа е оддалечена 13,4 милијарди светлосни години од нас.

Откривање Галаксијата е пронајдена од екипата што ги проучувала податоците од вселенскиот телескоп „Хабл“ и (проект CANDELS) на „Спицер“ (преглед GOODS-Север). Истражувачите се послужиле со широкополскиот апарат за спектроскопски да ја утврдат оддалеченоста на GN-z11, разделувајќи ја светлината на нејзините составни бои за да го измерат црвеното поместување предизвикано од ширењето на вселената. Наодите, објавени во март 2016 г. укажуваат на тоа дека галаксијата е подалеку отколку што претходно се мислело, на границата на досегот на вселенскиот телескоп „Хабл“. GN-z11 е околу 150 милиони години постара од претходната рекордно оддалечена галаксија, EGSY8p7, и е забележана „ многу блиску со крајот на таканаречената темна доба на вселената“, а „близу самиот почеток“ на ерата на рејонизација.

GN-z11 е 20 пати помала од нашата галаксија (Млечниот Пат) има 1% од нејзината маса и раѓа нови ѕвезди приближно 20 пати побрзо. поради просечната старост на нејзините ѕвезди од 40 милиони години. Сознанието дека постои толку масивна галаксија создадена толку бргу по настанокот на првите ѕвезди претставува предизвик за некои од тековните модели на образувањето на галаксиите.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Нацрт на трудот на екипата за Astrophysical Review

Категорија:Џуџести неправилни галаксии Категорија:Астрономски тела откриени во 2016 година Категорија:Галаксии Категорија:Голема Мечка (соѕвездие)