Ружди Ружди (14 април 1991) е бугарски параолимпиец,Профил на страницата, paralympic.org кој се натпреварува во дисциплините: фрлање копје, диск и ѓуле. На Летните параолимписки игри во Рио во 2016 година освоил златен медал во фрлање ѓуле при што поставил нов светски рекорд.
Животопис На 17 годишна возраст после тешка сообраќајна несреќа, Ружди останува инвалид. За време на рехабилитацијата, Ружди се запознава со Даниела Тодорова, параолимпијка, и нејзиниот брат и тренер Радослав Тодоров, кои го поттикнале да се занимава со спорт.Ружди Ружди – шампионот на Делиормана , disabledsportsbg.com, 21 мај 2015
Во текот на октомври 2015 г. Ружди Ружди освоил златен медал на Светското првенство за лесна атлетика за спортисти со инвалидност, во Доха, Катар. Во дисциплината фрлање на ѓуле, категорија F55, го освоил првото место со резултат од 11,81 метри, што во моментот бил нов рекорд.Ружди Ружди донесе трето злато за Бугарија, sportal.bg, 31 октомври 2015Event Overview – Men's Shot Put F55
Во текот на јуни 2016 година, на европски натпревар за луѓе со инвалидитет во Италија, Ружди освоил златен медал за фрлање на диск во категоријата F56 со резултат 39,33 метри.Ружди Ружди стана европски шампион, bgathletic.com, 12 јуни 2016 На истиот натпревар, Ружди освоил и втора европска титла со резултат од 12,04 метри во фрлање ѓуле. Со овој резултат го надминал дотогашниот светски рекорд, поставен од Чехот Мартин Немец (11,85 метри).Светски рекорд за Ружди Ружди, bgathletic.com, 17 јуни 2016
На Параолимписките игри 2016 во Рио, Ружди освоил златен медал во фрлање на ѓуле во категоријата F55, со резултат подобар од претходниот светски рекорд - 12,33 метри. Во категоријата фрлање на диск F54/55/56, Ружди освојува шесто место, со резултат од 38,04 метри.Ружди Ружди со светски рекорд на Параолимпијадата во Рио, sportal.bg, 16.09.2016
Наводи
Категорија:Бугарски параолимпијци