мини|десно|180px|Џорџ Стивенсон (1781-1848) Џорџ Стивенсон (англиски:George Stephenson) ( - ), роден во Вајлам 15 км северно од Њукасл (англиски:Newcastle), англиски инженер – пронаоѓач.

Син на сиромашен рударски работник, но со упорност се здобива со образование на инженер и почнува неговата пронаогачка кариера.

Во Килингворт 1815 ја изумува првата сигурносна лампа за рудници во исто време како и Хамфри Дејви (англиски:Humphry Davy) но со различен принцип.

Наградата добиена од овој изум ја вложува во работилница за парни локомотиви во местото Њукасл (англиски:Newcastle).

Во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива наречена „Блушер“ (англиски:Blucher-Blücher), ги воведува челичните шини наместо дрвените.

Во 1821 година ја гради првата јавна железничка пруга во светот на линијата Стоктон – Дарлингтон (Stockton - Darlington)

Во 1823 година ја основа првата фабрика за локомотиви во Њукасл.

Во 1829 година на натпреварот на пругата на релацијата Ливерпул – Манчестер (англиски:Liverpool - Manchester) која е за првпат со сите потребни сигнализации, каде неговата локомотива „Ракета“ (англиски:Rocket) постигнува дотогаш најголема брзина од 30 миљи на час или 48.28032 километри на час и можност да повлече товар од 13.000 килограми.

Неговиот син Роберт Стивенсон кој го продолжува конструкторскиот дух на таткото, е познат творец и градител на мостови со цевкаста конструкција.

Поврзано Блихер (локомотива) Ракета (рокомотива)

Поврзано Парна локомотива Парен котел

Категорија:Англиски инженери Категорија:Англиски пронаоѓачи