За слобода и вистина — последната прокламација на Унгарската народна влада напишана на 4 ноември 1956 година во Будимпешта за време на Унгарска револуција од 1956 година. Нејзин автор бил Државниот министер Иштван Бибо, кој бил единствениот член и претставник на владата кој останал во парламентот, очекувајќи да биде уапсен од страна на советските воени сили.For Freedom and Truth, Reformed Church in Hungary, 16 октомври 2016.

Историја Советската армија нападнала во раните утрински часови на 4 ноември 1956, а Имре Наѓ ја посетил советската амбасада за да преговара, но не се вратил. Во текот на утрото, Золтан Тилди заедно со Иштван Сабо и Иштван Бибо одржале состанок во парламентот, но кога советскте трупи пристигнале и го опколиле објектот, Золтан Тилди тргнал да преговара со нив и успеал да се спогоди дека советските сили можат да го окупираат објектот откако сите цивили безбедно ќе го напуштат и самиот тој исто така да го напушти.

Авторот на прокламацијата, Иштван Бибо, бил единствениот министер во состав на владата кој останал на функцијата во парламентот и со тоа се сметал за единствениот претставник на унгарската влада за време на настаните.

Прокламацијата Прокламацијата повикувала дека унгарската влада не бара водење на анти-советска политика и ги отфрлила обвинувањата дека револуцијата била раководена од страна на фашисти. Таа предлагала дека унгарската влада е онаа која требала да ја ограничи оклократијата и укажувала дека интервенцијата на странска армија била главната причина за тензиите.

Иштван Бибо ги повикал Унгарците да не ја признаат советската марионетска влада како правен авторитет и да пружат отпор преку пасивна граѓанска непослушност, но не и граѓанска војна. Авторот бил во владата само еден ден и навел дека причината поради којашто не повикал на вооружен отпор била дека не бил свесен за воената состојба.

Авторот ги повикал големите сили во светот и Обединетите нации да ја заштитат слободата на унгарскиот народ во склад со Повелбата на Обединетите нации.

Прокламацијата ја прогласила Државната министерка Ана Кетли да биде единствениот овластен претставник на унгарската влада во странство.

Поврзано Унгарска револуција (1956)

Наводи

Категорија:Унгарска револуција (1956)