Оливер Харт (англиски: Oliver Hart; 9 октомври 1948, Лондон) — британско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2016 година.
Животопис Харт е роден во Лондон, во 1948 година. Дипломирал во областа математика на Универзитетот Кембриџ (Cambridge University), a во 1972 година магистрирал во областа економија на Универзитетот на Ворик (University of Warwick). Докторирал на Универзитетот Принстон во САД, во 1974 година. Во 2016 година, Харт ја добил Нобеловата награда, за придонесот во теоријата на договорите. Во моментот на добивањето на Нобеловата награда, Харт работел како професор на Универзитетот Харвард, а претходно бил професор и на МИТ.Владимир Филиповски, „Дизајнирање на економските договори - создавање поттици за ефикасно користење на ресурсите и справување со конфликтите на интереси“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 22-25.
Научна дејност Научниот придонес на Харт е во областа на некомплетните договори (Incomplete contracts) во кои не можат однапред да се предвидат сите можни околности, ниту отпосле да се измерат прецизно остварувањата на договорните страни.
Наводи
Категорија:Британски економисти Категорија:Американски економисти Категорија:Професори на Универзитетот Харвард Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет Категорија:Американски нобеловци Категорија:Британски нобеловци Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Британски Евреи Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Родени во 1948 година