Високи Таури (, ) — планински венец од главната верига на Централните Источни Алпи со највисоките врвови источно од превојот Бренер. Ја образува јужната граница на покраината Салцбург со покраините Корушка и Тирол во Австрија, додека пак мал потег во југозападниот дел влегува во покраината Јужен Тирол во Италија. Во венецот е сместена највисоката планина во Австрија, наречена Гросглокнер (или Велики Клек), со висина од над Јадранот.

Источно од веригата продолжува понискиот венец Долни Таури.

Географија Според класификацијата на Аплското друштво, венецот е ограничен од долината на Залцах на север (која го дели од Кицбиелските Алпи), долината на Мура и превојот Муртерл на исток (кои го делат од Ниските Таури), долината на Драва на југ (која го дели од Јужните Варовнички Алпи) и превојот Бирнлике на запад (кој го дели од Цилерталските Алпи).

Најважни планински групи по сртот се (од запад кон исток): мини|лево|Подргупите на Високите Таури Фенедигерска група (вкл. Гросфенедигер, и Лазерлинг, ) Гранатшпичка група (Голем Мунтаниц, и Гранатшпице, ) Глокнерска група (Гросглокнер, ) Голдбершка група (Виш Зонблик, ) Анкогелска група (Хохалмшпице, , Анкогел, ) и Рајсечка група (Рајсек, ) Источниот крај на Високите Таури го образува масивот Хафнер во Анкогелската група, во кој спаѓаат најисточните триилјадни врвови на Алпите.

Јужно од главниот срт на Алпите лежат другите планински групи на Високите Таури (од запад кон исток): Ризерфернерска група (Хохгал, ) Вилгратенски Планини (Вајсе Шпице, ) Шоберска група (вкл. Пецек, и Хохшобер, ) Кројцечка група (Мелталер Полиник, )

Национален парк Високи Таури мини|260п|Подрачјето на националниот парк Високи Таури Долж од главната верига се протега Националниот парк Високи Таури (Nationalpark Hohe Tauern) во владение на Австрискиот алпски клуб, со доделени територии од покраините Корушка, Салцбург и Тирол. Со површина од , ова е во голема мера најпространиот национален парк во Австрија, како и најголемиот природен резерват на Алпите.Најголемиот природен резерват на Алпите — портал „Високи Таури“ Поделен е на главно подрачје, во кое влегуваат масивите Гросглокнер и Гросфенедигер и каде земјоделството и сточарството се сосема забранети, и пограничен појас, каде е дозволено шумарството, напасувањето добиток по ливадите и работа на бачилата. Постојат пет посебни природни подрачја каде јавноста воопшто нема никаков пристап.

Паркот е ставен во II категорија според Меѓународниот сојуз за заштита на природата и ги опфаќа ледникот Пастерце, низа други ледници, Кримлските Водопади, неколку леднички долини и наносни конуси, како и пространа високогорска тундра и шуми. Меѓу растителноста, по шумската граница растат лимби (Pinus cembra); над тоа се полугрмушките, сочинети претежно од алпска роза (Rhododendron ferrugineum) но и ендемската Рудолфова каменоломка (Saxifraga rudolphiana), кои се протегаат до вечноснежно ниво на околу . Животинскиот свет е застапен со дивокозата, алпскиот козорог и обичниот елен, како и белоглавиот мршојадец и златниот орел. Застапени се и брадестиот мршојадец и алпскиот мрмот, кои се повратени на подрачјето откако претходно биле истребени.

Врвови мини|260п|Гросглокнер (Велики Клек) од југ мини|260п|Драјхерншпице од запад во 1890 г. мини|260п|Хохгал зиме од запад мини|260п|Хохалмшпице од југ Позначајни врвови на Високите Таури се следниве: Врв Група Надм.вис. (м)Топо.истак. (м)Гросглокнер (Велики Клек)Глокнер3.7982.423ГросфенедигерФенедигер3.6661.199Голем ВасбаххорнГлокнер3.564477ДрајхерншпицеФенедигер3.499591РетшпицеФенедигер3.496653ЈоханисбергГлокнер3.453277Хохгал Ризерфернер3.4361.148Виш АјхамФенедигер3.371325Виш ТенГлокнер3.368335МаламшпицеФенедигер3.368319ХохалмшпицеАнкогел3.360942Голем ГајгерФенедигер3.360293Шнебигер НокРизерфернер3.358542ФушеркаркопфГлокнер3.331489КескогелФенедигер3.291373ШлифершпицеФенедигер3.290513ПецекШобер3.283802Ротер КнопфШобер3.281556АнкогелАнкогел3.264570ХохарнГолдберг3.254678Голем ХорнкнопфШобер3.251456Виш ФирлегФенедигер3.243385ХохшоберШобер3.242438Голем МунтаницГранатшпице3.232717ХохајзерГлокнер3.206577ГледисШобер3.206370КицштајнхорнГлокнер3.204439ДурекФенедигер3.135626Виш ЗонбликГолдберг3.106271ЛазерлингФенедигер3.098490Голем ХафнерХафнер3.068868Виш ПријактШобер3.064470Вајсе ШпицеФилгратен2.963920Мелталер ПолиникКројцек2.7841.580

Поврзано Ниски Таури

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Високи Таури Геологија на Високите Таури Високи Таури — SummitPost

Категорија:Централни Алпи Категорија:Планински венци во Австрија Категорија:Тирол Категорија:Салцбург (покраина) Категорија:Корушка Категорија:Јужен Тирол