ФК Бенфика е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во највисоката категорија на португалскиот фудбал, Примеира лига.
Клубот е основан на 28 февруари 1904, од група на луѓе предводени од Косме Дамиао. Бенфика е еден од таканаречената голема тројка клубови во Португалија кој никогаш не испаднале од Првата лига на оваа држава заедно со Порто и Спортинг Лисабон. Тие се исто така најуспешниот клуб во Португалија со освоени 78 титули во домашните и меѓународните натпреварување. Во нив спаѓаат рекордни 35 титули Шампион на Португалија, рекордни 25 титули освојувач на Купот на Португалија, рекордни 7 титули освојувач на Лига купот на Португалија, 6 Суперкупа на Португалија и 3 титули Кампеонато на Португалија. Исто така, Бенфика е и двократен европски шампион, освојувајќи го Европскиот куп на шампиони во две години едноподруго во 1961 и 1962 година. Клубот играл уште 5 пати во финалето на Европскиот куп во 1963, 1965, 1968, 1988 и 1990 и уште трипати во финалето на Купот на УЕФА или Лигата на Европа во 1983, 2013 и 2014 година.
Бенфика била рангирана како дванаестти клуб по успешност на списокот на ФИФА за најдобри клубови на 20 век. Најдобар стрелец на клубот е Еузебио кој освоил една златна топка и две златни копачки за време на периодот додека настапувал за клубот.
Својте домашни натпревари Бенфика ги игра на Стадионот Луж, кој има капацитет од 64,642 седечки места. Играат во црвени дресови и бели шорцеви.
Стадиони
thumb|right|Стадионот Луж за време на Европското првенство во 2004 Бенфика својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Луж (што во буквален превод значи Стадион на светлината), кој е познат уште под неколку имиња како Спортски стадион на Лисабон и Бенфика или Катедрал (прев. катедралата). Тој може да собере 65.647 гледачи, со што е еден од најголемите во Европа. Тој бил изграден за Европското првенство 2004, настан на кој бил домаќин на финалето; Стадионот исто така бил избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014.
Меѓутоа, низ историјата тимот има променето повеќе игралишта: како Терас до Десембаргадор од 1904 до 1906, Кампо де Фелтеира од 1907 до 1911, Кампо де Сете Риос од 1913 до 1917 Кампо де Бенфика од 1916 до 1926, Амореирас од 1925 до 1940 и Кампо Гранде од 1941 до 1954. На 1 декември 1954 бил инаугуриран стадионот кој го носи денешното име, кој бил реновиран во текот на осумдесеттите години, достигнувајќи капацитет од 130.000 гледачи во 1987.. Во 2003 Бенфика го искористила неговото рушење, за во исто време, да го отвори новиот Стадион Луж, која бил изграден на истото земјиште врз основа на стариот стадион..
Соперништва Најголеми соперници
Бенфика заедно со Порто и Спортинг Лисабон се трите гиганти (на португалски се нарекуваат Os Três Grandes) на португалскиот фудбал. Со овие екипи клубот има големо соперништво; пресметката со Порто е наречена О Класико, додека натпреварот со сограѓаните од Спортинг е познат како Дербито на Лисабон.
Играчи Моментален состав
Рекордери Статистиката е ажурирана на 29 декември 2016
+Играчи со најмногу натпревариМестоИме на играчотНатпревари 1 Тамањини Нене 578 2 Антонио Велосо 534 3 Марио Колуна 528 4 Умберто Коелјо 497 5 Шеу Хан 488 6 Мануел Бенто 462 7 Луизао 453 8 Антонио Симоес 451 9 Еузебио 445 10 Домисиано Кавем 418
+Играчи со најмногу постигнати головиМестоИме на играчотГолови 1 Еузебио 478 2 Жозе Агуаш 376 3 Тамањини Нене 363 4 Жозе Аугусто Торес 236 5 Арсенио Дуарте 215 6 Рожерио Лантрес де Карвалјо 203 7 Жулињо 200 8 Жозе Аугусто 177 9 Оскар Кардосо 172 10 Нуно Гомеш 166
thumb|right|200px|Еузебио рекордерот по бројот на постигнати голови во дресот на Бенфика.
Освојувачи на титули Добитници на златна топка Еузебио(1965)
Шампиони на Европа Такис Фисас (2004) Елисеу (2016)
Тренери низ историјата
Косме Дамиао (1908–1926) Антонио Рибеиро дос Раиш (1926–1929) Артур Џон (1929–1931) Антонио Рибеиро дос Раиш (1931–1934) Витор Гонсалвеш (1934–1935) Липо Херцка (1935–1939) Јанош Бири (1939–1947) Липо Херцка (1947–1948) Тед Смит (1948-1952) Алберто Сосаја (1952–1953) Антонио Рибеиро дос Раиш (1953) Хосе Валдивиесо (1954) Ото Глорија (1954–1959) Бела Гутман (1959-1962) Фернандо Риера (1962-1963) Лајош Цејзлер (1963–1964) Елек Шварц (1964-1965) Бела Гутман (1965–1966) Фернандо Риера (1966–1967) Фернандо Кабрита (1967-1968)
Ото Глорија (1968–1970) Џими Хаган (1970–1973) Фернандо Кабрита (1973–1974) Милорад Павиќ (1974-1975) Марио Вилсон (1975-1976) Џон Мортимор (1976–1979) Марио Вилсон (1979-1980) Лајош Бароти (1980-1982) Свен-Јоран Ериксон (1982-1984) Пал Чернаи (1984-1985) Џон Мортимор (1985-1987) Еве Сковдал (1987) Тони (1987-1989) Свен-Јоран Ериксон (1989-1992) Томислав Ивиќ (1992) Тони (1992-1994) Артур Жорге (1994–1995) Марио Вилсон (1995-1996) Пауло Аутуори (1996–1997) Мануел Жозе (1997)
Марио Вилсон (1997) Греам Сунес (1997-1999) Јуп Хајнкес (1999–2000) Жозе Мурињо (2000) Тони (2000-2002) Жезуалдо Фереира (2002) Хосе Антонио Камачо (2002-2004) Џовани Трапатони (2004-2005) Роналд Куман (2005-2006) Фернандо Сантош (2006-2007) Хосе Антонио Камачо (2007-2008) Фернандо Шалана (2008) Кике Санчес Флорес (2008-2009) Жорге Жезуз (2009-2015) Руи Виторија (2015-)
Моментален стручен кадар
{| class="wikitable" |- ! Позиција ! Име |- | Тренер | Руи Виторија |- | Асистенти | Арналдо ТешеираСерџо БотелјоМинервино ПиетраМарко Педросо |- | Фитнес тренер | Пауло Моурао |- | Тренер на голманите | Луис Естевес |- | Benfica LAB coordinator | Бруно Мендес
Титули Домашни натпреварувања Примеира лига: 38 (рекорд) 1935-1936, 1936-1937, 1937-1938, 1941-1942, 1942-1943, 1944-1945, 1949-1950, 1954-1955, 1956-1957, 1959-1960, 1960-1961, 1962-1963, 1963-1964, 1964-1965, 1966-1967, 1967-1968, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976, 1976-1977, 1980-1981, 1982-1983, 1983-1984, 1986-1987, 1988-1989, 1990-1991, 1993-1994, 2004-2005, 2009-2010, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016,2016-2017, 2018-19, 2022−23
10px Куп на Португалија: 26 (рекорд) 1939-1940, 1942-1943, 1943-1944, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1954-1955, 1956-1957, 1958-1959, 1961-1962, 1963-1964, 1968-1969, 1969-1970, 1971-1972, 1979-1980, 1980-1981, 1982-1983, 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1992-1993, 1995-1996, 2003-2004, 2013-2014, 2016−2017
10px Лига куп на Португалија: 7 (рекорд) 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
Суперкуп на Португалија: 6 1980, 1985, 1989, 2005, 2014, 2016
Меѓународни натпреварувања Куп на шампиони: 2 1960-1961, 1961-1962
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на клубот
Категорија:ФК Бенфика Бенфика Категорија:Лисабон Категорија:Европски шампиони