Тур Даун Андер 2017 — 19. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 17 и 22 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.
Возачот на , Ричи Порт, ја освоил трката по првпат, одржувајќи го водството на трката од вториот ден натаму по неговата етапна победа. Порт освоил уште една етапна победа – кралската етапа на Вилунга Хил – додека на крајот ја освоил трката со 48 секунди пред најблискиот соперник. Возачот на , Естебан Чавес, завршил на второто место, освојувајќи трети места на обете етапи освоени од Порт; третото место на подимот било одлучено на завршниот ден на трката. Џеј Мекарти () водел пред Нејтан Хас од за три секунди, но Мекарти успеал да победи на првиот среден спринт – на кој освоил три бонус секунди за генералниот пласман – по помошта од светскиот првак и колега Петер Саган. Кога Мекарти и Хас завршиле изедначени, последното место на подиум се броело и третото место му припаднало на Мекарти.
Во другите пласмани на трката, колегата на Чавес, Кејлеб Јуан () го освоил спринтерскиот пласман, освојувајќи четири од шест етапи на трката, станувајќи трет возач кој успеал во тоа по неговиот сонародник Роби Мекјуан во 2002 и Андре Грајпел во 2008, додека Томас де Гент () го освоил планинскиот пласман на завршниот ден, освојувајќи бодови на првото искачување при што го преземал водството од Порт. Колумбиецот Џонатан Рестрепо од бил победник во пласманот за млад возач, завршувајќи на десеттото место, додека екипниот пласман го освоила единствената екипа надвор од Светската турнеја на трката, УниСА-Австралија.
Рута
Рутата на Тур Даун Андер била објавена на почетокот на јули 2016 година и се движела околу градот Аделаида во Јужна Австралија. Имало шест друмски етапи, без ниеден хронометар. Два дена пред почетокот на трката, се одржал критериумот, Пиплс Чојс Класик, одржан во паркот Римил, наменета за спринтерите. Била освоена од Кејлеб Јуан () во спринтерска завршница.
Првите пет етапи на трката вклучувале неколку искачувања и неколку можности за спринтерите, особено на првата етапа. Неколку етапи на трката вклучувале искачувања рано во етапата и ридести делови на крајот. Втората етапа била спротивна, со ридести делови на почетокот и искачување веднаш пред завршницата. Петтата етапа имала две искачувања на Вилунга Хил, кои биле одлучувачки во претходните изданија на трката. Завршната етапа била уште еден критериум околу средиштето на градот Аделаида.
Екипи
Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет екипи на Светската турнеја на UCI биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Екипата на Универзитетот на Јужна Австралија добила специјална покана за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 19 екипи.
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Завршен пласман
Поредок
На Тур Даун Андер 2017 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ќе ја добие охра маичката. Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2017 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со црвена маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработувал 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така можеле да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала точкестата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1993 година можеле да учествуваат во пласманот. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време. Дополнително, постоела награда за борбеност која се доделувала по етапата на возачот кој од страна на жири се сметал за „најборбен“.
Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возачНајборбен возачЕкипен пласман 1 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Лауренс де Вресе Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Лауренс де Вресе 2 Ричи Порт Ричи Порт Ричи Порт Ричи Порт Рубен Гереиро Јаша Зитерлин УниСА-Австралија 3 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Вегард Стаке Ленген 4 Кејлеб Јуан Џек Бауер & Камерон Мајер 5 Ричи Порт Џонатан Рестрепо Џек Бауер 6 Кејлеб Јуан Томас де Гент Џек Бауер На крај Ричи Порт Томас де Гент Кејлеб Јуан Џонатан Рестрепо Нема завршна награда УниСА-Австралија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Тур Даун Андер Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Австралија во 2017 година