Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2017 — 3. издание на велосипедската еднодневна трка Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, која се одржала на 29 јануари како втор настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.

При завршниот спринт од намалена главна група, возачот на , Никијас Арнт, ја освоил трката пред Австралијците Сајмон Геранс () и Камерон Мајер, кој возел за националната екипа на Австралија.

Екипи

Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, тринаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката. Дополнително, четири професионални континентални екипи се натпреварувале, додека австралиската национална екипа ја заокружила главната група од 18 екипи.

Поредок Завршен пласман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Австралија во 2017 година