Алан Волф Аркин (; - ) — американски глумец, режисер, комичар, музичар и пејач.

Животопис

Филсмка кариера Со филмска кариера која трае повеќе од 55 години, Аркин е познат по своите улоги во филмовите Русите доаѓаат, Русите доаѓаат (1966), Почекај додека се стемни (1967), Срцето е осамен ловец (1968), Попи (1969), Квака 22 (1970), Сватови (1979), Бегство од Собибор (1987), Едвард со рацете-ножици (1990), Глендери Глен Рос (1992), Тринаесет разговори за едно (2001), Малата Мис Америка (2006), Марли и јас (2008) и Арго (2012).

Тој бил номиниран за наградата „Оскар за најдобар глумец“ двапати: за неговите изведби во Русите доаѓаат, Русите доаѓаат и во Срцето е осамен ловец. Тој освоил Оскар за најдобар спореден глумец за изведбата во Малата Мис Америка и бил номиниран за истата награда за улогата во историската драма Арго.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски глумци Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус