Бунт на Скопско кале — бунт кренат од Македонци, припадници на 15. артилериски корпус, којшто се случил на 7 јануари 1945 година. Тој е првиот настан по кој се редат низа настани низ неколку македонски градови кои траат скоро цел месец дена потоа. Во текот на целиот јануари, низ цела Македонија, се случуваат масовни убиства на соработниците на фашистичкиот бугарски окупатор и припадниците на контрачетите, кои бугарската пропаганда и локалните бугаромани сакаат да ги поврзат со Бунтот од Скопско кале (бунт кренат од регуларна војска и при тоа никој од нив не е убиен).
Бугарската пропаганда и делумно нивната историографија, го нарекува овој настан Македонската Крвава Коледа, според кој биле убиени илјадници „Бугари“ со се нивните семејства, што е дијаметрално спротивно од сведочењата на учесниците во самите настани од 7 јануари 1945 година, потврдено и во записите и воените архиви на бившите ЈУ-републики. Бугарските фабрикации на овој настан, одат доттаму што тврдат дека во рок од 3 дена (од 6 до 9 јануари, биле убиени 1.200 Бугари). Некои бугарски историчари тврдат дека 23.000 Бугари се убиени без трага, а околу 130.000 се угнетувани, депортирани или праќани во логори. Критика кон самите бугарски историчари, за ова тврдење упатуваат и дел од бугарските историчари, кои го опишуваат тврдењето како „измамливо“. Според комплетната документација и сведоштвата на преживеаните учесници во самиот бунт, на Скопското кале, на 7 јануари 1945 г., нема убиено ниту еден Македонец, ниту еден убиен човек. Убиства се случиле деновите потоа, кога се убивани соработниците на фашистичкиот бугарски окупатор и припадниците на контрачетите. Постои сомнеж дека меѓу убиените имало и Македонци кои сакале воените дејствија да се префрлат кон Солун, а не кон Сремскиот фронт.„Настаните на Скопското Кале на 7 јануари 1945 година - Документи“, Институт за национална историја, Скопје, 1997 г.„Настаните на 7 јануари 1945 во артилереските бригади во Скопје" - Зборник со материјали од научниот собир посветен на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, 1941-1945, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 113-123.„Јануарскиот масакар и вистината за него", дел 1, „Македонско време", бр. 32 за 1997, стр. 35-39.;„Јануарскиот масакар и вистината за него", дел 2, „Македонско време", бр. 33, за 1997, стр. 30-35.„Јануарските настани на Скопското кале - 1945", Зборник на документи, издание на Архивот на Македонија, Скопје, 1997, стр. 298.
Соработниците на бугарскиот фашистички окупатор и припадниците на контрачетите кои биле составени од членови на Михајловистичкото ВМРО, се судени од Судот за престап извршен против македонската национална чест (еден вид воен трибунал) и тие воопшто не се поврзани со овој бунт. Тој пред се е дело на македонски патриоти што е потврдено и од нивните сведоштва и документација од судските записи. мини|262x262пкс|Борци на XV Македонски корпус, на обука за ракување на минофрлач - јануари 1945 година
Бунтот на Скопското кале мини|262x262пкс|XV Македонски корпус на пат за Сремскиот фронт, 1945 година. Од 6 до 8 јануари 1945 г., во скопскиот Офицерски дом, во големата сала се одржал Вториот конгрес на Народноослободителниот сојуз на младината на Македонија (НОМСМ). На него учествувале вкупно 1.000 делегати од трите дела на етничка Македонија (25 члена од Егејска и 100 членови од Пиринска Македонија), но и членови од другите делови на Југославија. Како гости биле присутни и делегати на воените мисии од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз. Според професорот по историја Виолета Ачковска, имало 2.000 делегати на овој конгрес.
Во истовреме, југословенските партизани го планирале Сремскиот фронт (јануари - април 1945 г.), како завршен удар против нацистичкиот окупатор во северна Југославија. За таа цел, се подготвувала и мобилизација на македонските партизани.
Како последица на сѐ тоа, во близина на Калето, на Божиќ, 7 јануари 1945 г. во 9 часот наутро, се случил војнички бунт и демонстрации против наредбата на југословенските командири – Македонци да бидат испратени на Сремскиот фронт. Протестирачите ја изразиле својата желба „На Солун, на Солун - не сакаме на Берлин, сакаме на Солун“ – наместо тоа, македонската војска да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Нивниот параден марш од Калето, кон плоштадот бил проследен и со пеење родољубиви песни: „Напред браќа Македонци“, „Во, борба, во борба“ и слично.
По реакција на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ - генерал Михајло Апостолски, побунетите артилерци од 15 корпус, построени пред тогашниот Офицерски дом - сега плоштад „Македонија", се вратиле во своите касарни во Кале. Вкупно 38 војници и офицери, (припадници на македонските артилериски) се обвинети, како учесници во бунтот, по што биле разоружени и уапсени за судска постапка. Подоцна во овие судски процеси се приклучени уште две лица.
Според подоцнежната судска документација, некои од лицата биле изреволтирани од говорот на тројца српски војници, кои во касарната разговарале за Кралот Петар и стара Југославија. Тоа биле војниците: Слободан Бранковиќ, Душан Бечиќ од Белград и Александар Вељковиќ, роден во Ресен. Овие три лица, заедно со лицето Александар Борисов Минчевски, кој бил командант на првата дивизија, при Артилериската бригада, се единствените кои првично биле осудени на смрт со стрелање - според судскиот записник од 31 јануари и 1 февруари 1945 - што е уште еден доказ дека не само што немало стрелање на Коледе и Божиќ, туку и главните виновници не се застрелани на тој ден.
Судските процеси Од обемната судска документација, се гледа дека сите учесници во овој бунт, ја признаваат вината и своето учество, а потоа во процесите на судење со молби и укази сите до еден се ослободени од затворските казни и обвиненијата. + СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ДО КРАЈНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ Име и Презиме ПРЕСУДА од 1 февруари 1945 РЕШЕНИЕ од 14 март 1945 ПРЕСУДА од 27, 28 и 29 април 1945 ПРЕСУДА од 31 јули 1945 20-28 август 1945 24 септември 1945 1 јуни 1946 22 август 1946 1 Александар Манчевски Смрт со стрелање и конфискација на имот СЕ ПОНИШТУВА ПРЕСУДАТА од 1 февруари 1945 година. Отпочнати се нови сослушувања и процеси. Смрт со стрелање и конфискација на имот ОСЛОБОДЕН 2 Крсте Димов Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија 2 години принудна работа 3 Панде Пандев Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија ОСЛОБОДЕН 4 Стојан Козаров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија / ОСЛОБОДЕН 5 Георги Јанакиев Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија 2 години принудна работа 6 Кирил Брдаров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 12 години робија / 8 години робија Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН 7 Панче Ефтимовски Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 10 години робија / 5 години робија / ОСЛОБОДЕН 8 Ефтим Димитров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 8 години робија ОСЛОБОДЕН 9 Љубен Пилатов Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 5 години робија ОСЛОБОДЕН 10 Слободан Бранковиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН 11 Александар Велковиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН 12 Душан Бечиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН 13 Иван Костов присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН 14 Драган Георгиевски присилна работа на 3 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН / 15 Димитар Ефтимов присилна работа на 4 години присилна работа на 4 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН / 16 Тодор Стојанов присилна работа на 8 години присилна работа на 8 години присилна работа на 4 години ОСЛОБОДЕН / 17 Тодор Урдов присилна работа на 7 години присилна работа на 7 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН 18 Јордан Ангелов присилна работа на 8 години присилна работа на 8 години присилна работа на 4 години ОСЛОБОДЕН 19 Благој Талев присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН 20 Атанас Атанасов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години ОСЛОБОДЕН 21 Иван Симеонов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 1 година ОСЛОБОДЕН 22 Милан Христов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН 23 Димитар Димовски присилна работа на 7 години присилна работа на 7 години присилна работа на 2 години присилна работа на 1 година / ОСЛОБОДЕН 24 Тодор Џорлев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН 25 Сотир Стојанов присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 1 година ОСЛОБОДЕН 26 Славко Зебаков присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 27 Александар Наденов присилна работа на 1 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН 28 Драган Јанев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН 29 Петар Пакетов присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 30 Александар Марковашев присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 31 Атанас Минов присилна работа на 2 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 32 Крум Витланов ОСЛОБОДЕН 33 Благој Стојчевски присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 34 Вано Јорданов ОСЛОБОДЕН 35 Спиро Мишев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН 36 Тошо Муфишевски ОСЛОБОДЕН 37 Васил Петков ОСЛОБОДЕН 38 Благој Камчевски ОСЛОБОДЕН 39 Дончо Стојанов присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН 40 Кирил Румов / присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН Во текот на март 1991 година весникот „Нова Македонија“ спровел посебна анкета меѓу преживеаните учесници во овој настан. Анкетираните, преживеани раководители и припадници на артилериските бригади биле едногласни во тврдењата дека во текот на настаните и по нив немало никакви стрелања, никаков масакр на офицери и борци, како што се пласирало и тогаш и денес во јавноста.
Бунт во останатите македонски градови Бугарскиот историчар Стефан Дечев, јасно говори и признава дека овие измислици на бугарската пропаганда, немаат никаква научна и реална основа, да се тврди дека десетици биле убиени на самиот плоштад, дека се убиени 70 офицери, дека имало 900 загинати од глад и жед на скопското Кале, нити дека 23 000 Бугари биле убиени во Охридско и уште 150 000 Бугари затворени, низ македонските затвори. Сето ова го карактеризира како фантазии, кои не ни заслужуваат коментар.
Штип По Скопското кале, и во Штип една седмица подоцна, на 14 и 15 јануари 1945, војници Македонци се кренале на бунт. Тука има шестмина војници осудени на смрт по брза постапка.
Илија Ѓозев - началник на известувачката служба на 15. Корпус, сведочи дека бунтови против Сремски фронт имало и во други места низ цела Македонија. А, потврдува и дека во Штип имало убиени Македонци.
Фактографијата сведочи за уште тројца убиени во штипската касарна во ноември истата 1945 година. И според бугарскиот историчар Стефан Дечев, Бунтот на Скопското кале и во Штип, во јануари 1945, е дело на македонски националисти. Тоа биле Македонци – македонски национал-патриоти, коишто претходно се бореле против германскиот и бугарскиот окупатор, а кои потоа биле и против одењето на Сремскиот фронт.
Велес, Куманово, Ресен