Спротивниот брег () — роман од францускиот писател Жилјен Грак објавен во 1951. Ова бил неговиот трет и најпознат роман. Дејството се одвива на границата од две измислени средоземни земји, Орсена и Фаргестан, кои 300 години биле во војна. Државата Орсена симболизира историја, традиција, и ред, додека Фаргестан е симбол за неразумност. Самиот автор го опишал делото како „свесен сон“, а според критиката припаѓа на правецот надреализам.

Главниот лик Алдо бил пратен како набљудувач во напуштен замок во Орсена, но иако двете земји се во војна, со децении немало никаква борба. Иако свесен дека би можел да предизвика обновување на конфликтот, Алдо одлучил да ја премине границата, сметајќи дека можното уништување е подобар избор од бавното пропаѓање. Делото било наградено со „наградата Гонкур“, но Грак одбил да ја прими наградата како чин на негодување против комерцијализацијата на пишаниот збор. Книгата наишла на позитивен прием од стручната јавност, а добила добра рецензија во весникот Њујорк Тајмс.

Наводи

Надворешни врски Спротивниот брег на мрежното место на францускиот издавач

Категорија:Романи од Жилјен Грак Категорија:Француски романи