Оскарот за најдобар анимиран филм е награда која ја доделува Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) годишно за најдобриот анимиран филм, кој од Академијата е дефиниран како филм кој трае подолго од 40 минути, ликовите се создадени со помош на технниката стоп-анимација, содржи значаен број на анимирани ликови и најмалку 75 проценти од времетраењето на филмот вклучува анимација. Наградата првпат била доделена за филмови направени во 2001 година.

Номинираните филмови за Оскар и победниците се избираат од страна на членовите на АМПАС. Доколку има шеснаесет или повеќе поднесени филмови, победникот се изгласува од потесен избор од пет филмови, во спротивно во потесен избор влегуваат три филмови. Дополнително, осум подобни анимирани филмови мораат да бидат издадени во округот Лос Анџелес во рамките на календарската година за оваа категорија да биде активирана.

Анимираните филмови можат да бидат номинирани и во други категории, но тоа е ретко; Убавицата и ѕверот (1991) бил прв филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Нагоре (2009) и Приказна за играчките 3 (2010) исто така добиле номинации за најдобар филм откако Академијата го зголемила бројот на номинирани филмови.

Валцер со Башир (2008) е единствениот анимиран филм воопшто номиниран за Оскар за најдобар странски филм (и покрај тоа што не успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм). Ноќта пред Божиќ (1993) и Кубо и двете жици (2016) се единствените анимирани филмови номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Победници и номинации мини|Хајао Мијазаки победи во 2002 година за Spirited Away мини|Ендрју Стентон

2000. ГодинаПобедникНоминирани2001Шрек – Арон Варнер Џими Неутрон: Дете гениј – Стив Одекерк и Џон А. Дејвис Чудовишта – Пит Доктер и Џон Ласетер2002Авантурите на малечката Чихиро – Хајао Мијазаки Ледено доба – Крис Веџ Лило и Стич – Крис Сандерс Бестрашниот Спирит – Џефри Каценберг Планетата со богатство – Рон Клементс2003Барајќи го Немо – Ендру Стентон Братот мечок – Арон Блајс и Роберт Вокер Белвил Рандеву – Силвен Шоме2004Спасители – Бред Берд Приказна за ајкулата – Бил Дамаш Шрек 2 – Ендру Адамсон2005Валас и Громит: Големата завера на зајаците – Ник Парк и Стив Бокс Мртвата невеста – Мајк Џонсон и Тим Бартон Подвижниот замок на Хоул – Хајао Мијазаки2006Танцот на пингвините – Џорџ Милер Автомобили – Џон Ласетер Куќа на чудовишта – Гил Кенан2007Рататуи – Бред Берд Персеполис – Маржан Сатрапи и Венсан Пароно Диви бранови – Еш Бренон и Крис Бак2008Воли – Ендру Стентон Гром – Крис Вилијамс и Бајрон Хауард Кунг фу панда – Џон Стивенсон и Марк Озборн2009Нагоре – Пит Доктер Коралина – Хенри Селик Фантастичниот Лисец – Вес Андерсон Принцезата и жабецот – Џон Маскер и Рон Клементс Тајната на Келс – Том Мур

2010. ГодинаПобедникНоминирани2010Приказна за играчките 3– Ли Ункрих Како да го дресирате вашиот змеј – Крис Сандерс и Дин Деблуа Илузионист – Силвен Шоме2011Ранго – Гор Вербински Мачка во Париз – Анел Гањол и Жан-Луп Фелисиоли Чико и Рита – Фернандо Труеба и Хавиер Марискал Кунг фу панда 2 – Џенифер Ју Нелсон Мачорот во чизми – Крис Милер2012Храбрата Мерида – Марк Ендрус и Бренда Чапман Моето најмило чудовиште – Тим Бартон Паранорман – Сем Фел и Крис Батлер Пирати! Банда смотаници – Питер Лорд Разбивачот Ралф – Рич Мур2013Снежно кралство – Крис Бак, Џенифер Ли и Питер Дел Вечо Крудс – Крис Сандерс, Кирк Демико и Кристина Белсон Подлиот јас 2 – Пјер Кофин, Крис Рено и Крис Меледандри Ернест и Селестин – Бенжамин Ренер и Дидје Бринер Ветрот се засилува – Хајао Мијазаки и Тошио Сузуки2014Екипа за 6 – Дон Хол, Крис Вилијамс и Рој Конли Бокстролови – Ентони Стачи, Греам Енабл и Тревис Најт Како да го дресирате вашиот змеј 2 – Дин Деблуа и Бони Арнолд Песна за морето – Том Мур и Пол Јанг Приказната за принцезата Кагуја – Исао Такахата и Јошиаки Нишимура2015Опаку наопаку – Пит Доктер и Џонас Ривера Аномалиса – Чарли Кауфман, Дук Џонсон и Роза Трен Момче и светот – Але Абреу Овцата Шон – Марк Бартон и Ричард Старзак Кога Марни беше таму – Хиромаса Јонебајаши и Јошиаки Нишимура2016Зоотропола – Бајрон Хауард, Рич Мур и Кларк Спенсер Кубо и двете жици – Тревис Најт и Ариан Сутнер Ваијана – Џон Маскер, Рон Клементс и Оснат Шурер Мојот живот како тиквичка – Клод Барас и Макс Карли Црвената желка – Михаел Дудок де Вит и Тошио Сузуки2017Коко и големата тајна – Ли Анкрич и Дарла К. Андерсон Малиот директор – Том Мекграт и Ремзи Ен Наито Хранителка – Нора Туми и Ентони Лео Фердинанд – Карлос Салдана Со љубов, Винсент – Дорота Кобела, Хју Велхман и Ајван Мактагарт

Наводи

Надворешни врски Academy Awards Database – AMPAS Academy Award WInning Feature Films на BCDB

Анимиран филм