мини|десно|исправено|Минијатура на Насредин-оџа од XVII век

Насредин-оџа (, ) — селџучки сатиричар и суфија од анадолското село Хорту, денес во Сиврихисарскиот Округ, Ексишехирската Област во Турција. Се смета за популистички филозоф и умен човек, запаметен по своите смешни приказни и анегдоти. За него се зборува во стотици приказни, во кои држи духовита или умна улога, а понекогаш и како будалест човек. Една типична приказна за него се состои од суптилен хумор и наравоучение. Меѓународниот „Насредин-оџа фест“ се одржува секоја година од 5 до 10 јули во неговото родно село.

Насредин-оџа како тема во книжевноста „Итар Пејо и Насрадин-оџа“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 32-35.

Наводи

Категорија:Сатиричари Категорија:Суфизам Категорија:Турски писатели Категорија:Селџуци