Единствена Македонија — македонска десничарска политичка партија. Претседател на партијата е Јанко Бачев.

Историја и учество на избори Партијата за првпат по своето формирање учествувала самостојно на Парламентарните избори во 2002 година каде што освоила 2.230 гласови (0,1 %).Извештај за избори на пратеници - 2002 , Изборна архива На Парламетнарните избори во 2006, 2008 и 2011 НДМ учествувала во коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ,Извештај за избори на пратеници - 2006 , Изборна архиваИзвештај за избори на пратеници - 2008, Изборна архиваГрафички приказ на резултати од парламетнарни избори во 2011 година , Државна изборна комисија на Македонија додека на Парламентарните избори во 2014 година, по 12 години учество во коалиција, повторно настапила самостојно и освоила околу 1.900 гласови (0,1 %).Извештај за избори на пратеници - 2014 , Изборна архива Партијата не учествувала на Парламетнарните избори во 2016 година поради тоа што Државната изборна комисија ги отфрлила кандидатските листи на партијата.Отфрлени и листите на Јанко Бачев, Фокус, 15.11.2016 НДМ на ниеден парламентарен изборен циклус нема освоено пратеничко место.

Во јануари 2018 година Централниот комитет на партијата одлучил партијата да се преименува во Единствена Македонија како и промена во политиките околу зачленување на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, а доближување до политиките на Русија.Партијата на Бачев се прекрсти во Единствена Македонија, ќе се залагаат за сојуз со Русија, Макфакс, 21.01.2018

На Парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција „Никогаш Северна само Македонија“ заедно со ФРОДЕМ и освоила 2.604 гласа, односно 0,29% од вкупен број на гласови, со што не освоила пратенички мандат.

На парламентарните избори во 2024 партијата освоила 1.688 гласа, односто 0.17% од гласовите.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал на партијата Единствена Македонија на YouTube

Категорија:Политички партии во Македонија